Македонија
ГДОМ продолжи со контрапротестите, бојадисан споменикот „Свиткана кичма“
Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кое како противтежа на движењето опозициското движење Протестирам, во четвртокот навечер продолжи со своите поворки низ градовите во внатрешноста, додека во Скопје подмладокот на владејачката партија како одговор на бојадисување на спомениците од Скопје 2014, изведе своевиден перформанс „Боеше во чест на Шарената револуција“.
Приврзаниците на ГДОМ и на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот вечерта, кои бараат одржување на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни како излез од длабоката политичка криза во земјата, во поголем број се собраа Валандово каде на чело од поворката го истакнаа транспарентот „Вака се сака Македонија, ова е Валандово“.
Како и изминатите речиси месец дена, поворки на ГДОМ под мотото „За Македонија се работи“ се одржаа во Битола и во Велес.
Претходно во центарот на Скопје, членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, откако во средата го „промовираа“ споменикот „Едно евро за Вицето“, алудирајќи на инкриминирачка видео снимка за наводен поткуп на челникот на опозицискиот СДСМ, во четвртокот продолжија со своите пародични перформанси, како што ја нарекуваат, „промоција на спомениците изградени од СДСМ во периодот на нивното владеење“. Така беше поставен „споменикот Свиткана кичма“ на којашто беше претставен подгрбавен опозицискиот лидер Зоран Заев, кој беше испрскан со боја.
„Сведоци сме дека во период на нивното владеење СДСМ не изгради ниту еден државен објект од национален интерес, како и ниту еден споменик во чест на одреден македонски херој. Но, затоа за нив многу говори антидржавното однесување. Ваквиот срамен однос на СДСМ кон Македонија само не потсетува на промената на знамето, како и срамната референца БЈРМ, а воедно и договарањето на федерализацијата на Република Македонија“, изјави за телевизиските екипи Сузан Хасан, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во понеделник неколку улици во Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Вучевиќ
Во понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти МВР.
„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, се наведува во соопштението.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Возачот кој што во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.
За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.
За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.
Македонија
Бесплатен ќе биде јавниот градски превоз денес по 18 часот
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, кое денеска (сабота, 5 октомври 2024) ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 часот од 2:00 по полноќ превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.