Контакт

Македонија

Генералниот секретар на Интерпол во посета на Полициската академија

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ја посетија Полициската академија при Министерството за внатрешни работи во Идризово.

Во рамки на посетата, генералниот секретар Уркиза и помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски се обратија пред кадетите, раководството на Министерството и претставниците на Академијата, при што беше истакната важноста на современото полициско образование, континуираното стручно усовршување и силната меѓународна полициска соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Во своето обраќање, генералниот секретар на Интерпол нагласи дека полициските академии претставуваат темел на секоја современа полициска служба, бидејќи токму таму се создаваат идните генерации професионални полициски службеници.

„Институции како оваа Полициска академија се столбот на полициското работење ширум светот. Криминалот станува сè покомплексен, а начините на кои полицијата учи и се обучува мора постојано да се развиваат за да можат успешно да одговорат на новите закани“, истакна Уркиза.

Тој посочи дека денешните безбедносни закани имаат изразена меѓународна димензија и дека токму затоа меѓународната полициска соработка има суштинско значење.

„Од она што го видов за време на мојата посета – од соработката на границата со Албанија, до заедничките патроли со српската полиција – јасно е дека Северна Македонија сериозно ја сфаќа меѓународната полициска соработка. Токму тоа го прави Интерпол сè поважен партнер во современата борба против организираниот криминал“, нагласи генералниот секретар на Интерпол.

Уркиза потсети дека од ноември 2025 година Полициската академија е дел од Глобалната академска мрежа на Интерпол, во која членуваат само 28 полициски образовни институции во светот, што претставува значајно признание за професионалните капацитети на Министерството за внатрешни работи.

Помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски нагласи дека Академијата останува посветена на развојот на современ образовен систем кој ги следи највисоките меѓународни стандарди и најдобрите практики во полициската професија.

„Полициската академија има јасна определба да ја унапредува меѓународната соработка со Интерпол и неговата Академија преку размена на знаења, заеднички обуки, експертска соработка и развој на современи наставни програми. Само преку континуирана едукација, примена на најдобрите меѓународни практики и партнерство со водечките светски полициски организации можеме да создадеме генерации професионални полициски службеници подготвени да одговорат на сè покомплексните безбедносни предизвици“, истакна Митковски.

Во рамки на посетата беа презентирани капацитетите на Полициската академија, програмите за образование и стручно усовршување, како и активностите што Министерството за внатрешни работи ги реализира во насока на модернизација на полициската обука и нејзино усогласување со европските и меѓународните стандарди.

Најново

Свет1 час

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет2 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника3 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава3 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт4 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...