Контакт

Македонија

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота, оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

Објавено пред

Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.

„Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова. Влезот е слободен.

„Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување“, посочи Герасимовски.

Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Приведени уште двајца доктори, се проширува истрагата за ботоксите

Објавено пред

Од

Во рамките на истражната постапка што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца доктори.

„Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма““, соопшти Обвинителството.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост.

Предметот е оформен во април годинава кога беше отворена истрага против 17 физички и шест правни лица за кои постои основано сомневање дека се инволвирани во извршување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.

Од Обвинителството наведуваат дека истрагата продолжува во насока на целосно расчистување на сите околности на случајот и утврдување на евентуална инволвираност и на други лица.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Србија по 15 години

Објавено пред

Од

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот, Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, Осман Кадриу, Ана Павловска-Данева и самостојниот советник и шеф на протоколот Симона Герасимова-Јовановска, на 9 и 10 јули престојува во билатерална посета во Уставниот суд на Република Србија.

Во рамки на посетата, претседателите Костадиновски и Петров потпишаа Меморандум за разбирање и билатерална соработка меѓу Уставниот суд на Република Србија и Уставниот суд на Република Северна Македонија, по што беше одржан и стручен разговор меѓу членовите на делегациите на тема „Извршување на одлуките на Уставниот суд“.

Со оваа посета, по речиси 15 години, е обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Република Србија и Република Северна Македонија и е отворено ново поглавје во меѓусебната институционална соработка.

Костадиновски, се заблагодари за гостопримството и, меѓу другото, истакна дека уставните судови имаат исклучително важна улога, бидејќи нема ништо повредно од заштитата на човековите права и слободи.

„Ваквите средби се можност да ги размениме нашите драгоцени искуства и да разговараме за бројни теми што можат да бидат од корист за двата суда“, рече Костадиновски, запознавајќи ги учесниците на средбата и со надлежностите на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Во своето воведно обраќање, претседателот на Уставниот суд на Република Србија, Петров, меѓу другото, ја истакна неопходноста двете соседни држави, поврзани со историја и култура, институционално и редовно да соработуваат во областа која, покрај економијата, е најважна за животот на граѓаните – владеењето на правото.

„Ќе се согласите дека нашите две институции се во одредена мера поодговорни од која било политичка институција или поединечен политичар за јакнењето и унапредувањето на владеењето на правото не само фундаментално, туку и животно начело на современата уставна демократија“, рече Петров.

Тој додаде дека се надева оти конечно е научена лекцијата дека владеењето на правото не е збир на апстрактни принципи и вредности, ниту нормативна конструкција создадена одозгора или однадвор, туку систем на темелни принципи и вредности што се гради однатре преку правно засновани и добро образложени судски одлуки, особено на уставните судови, и однадвор преку континуиран институционален дијалог, од кој особено значаен е оној што се остварува меѓу уставните судови.

Како што нагласи, владеењето на правото се остварува и преку градење и зајакнување на довербата на граѓаните во уставните судови и другите правосудни институции и мора да се темели на внимателен баланс меѓу правото и политиката, кој не е можен без посредување, односно модерирање од страна на правната наука.

Потпишувањето на Протоколот претставува значаен чекор во натамошното институционално поврзување на двата уставни суда и создава основа за поинтензивна размена на знаења, искуства и добри практики, преку реализација на заеднички активности од областа на уставното судство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево време со температура до 37 степени

Објавено пред

Од

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Следува период на претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во недела се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт49 секунди

Синер и Зверев ќе се борат за титулата во Вимблдон

Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур...

Свет2 минути

Израелски медиуми: Врската на Трамп и Нетанјаху сè повеќе наликува на сапуница

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се во врска што во последните месеци сè повеќе наликува на...

Свет29 минути

(Видео) Украина нападна руски рафинерии, терминали и бродови

Украинските сили извршија серија напади во текот на ноќта врз голема руска рафинерија за нафта, нафтени терминали и други воени...

Свет32 минути

Поранешна британска министерка пронајдена мртва

Британската полиција соопшти дека ја истражува смртта на поранешната конзервативна министерка Ан Видекомб како убиство. Видекомб (78), поранешна членка на...

Свет1 час

Трамп: Иран побара преговорите да продолжат, но примирјето е завршено

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран, но во исто време...

Македонија2 часа

Приведени уште двајца доктори, се проширува истрагата за ботоксите

Во рамките на истражната постапка што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која...

Македонија2 часа

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Србија по 15 години

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот, Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, Осман Кадриу, Ана Павловска-Данева...

Македонија2 часа

Утре сончево време со температура до 37 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде...

Македонија2 часа

Димитровски: Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања за идентитетот

Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања за идентитетот, рече заменик...