Контакт

Македонија

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Објавено пред

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

„Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде неоснован страв кај граѓаните.

Вистината е сосема поинаква.

Со предложениот нацрт-ДУП вкупната бруто изградена површина изнесува 29.459 м², додека претходните плански решенија предвидувале 43.429 м². Тоа значи дека новиот план предвидува 14.000 м² помалку изградена површина, односно намалување од околу 33 проценти во однос на претходните ДУП-ови.

Оттука, тврдењата за „нова бетонизација“ не само што не се точни, туку се целосно спротивни на фактите“, дециден е Герасимовски.

Особено загрижува што, како што вели, ЗНАМ демонстрира елементарно непознавање на хиерархијата на урбанистичкото планирање.

Според него, деталниот урбанистички план мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план, а единствената институција која ја утврдува таа усогласеност, како што посочува, е Град Скопје, кој во законската постапка дава свое мислење.

„Доволно е да се направи едноставна пресметка. Постојните објекти во опфатот имаат бруто изградена површина од околу 16.000 м², што недвосмислено покажува дека планот е целосно во рамките на параметрите утврдени со Генералниот урбанистички план.

Доколку имаа направено ваква основна анализа пред да излезат во јавност, ќе им беше јасно дека тврдењата за неусогласеност со ГУП немаат никаква фактичка основа.

Дополнително, ова е работна верзија – нацрт-план, кој по завршувањето на јавната анкета повторно ќе биде доставен на мислење до сите надлежни институции, токму како што предвидува Законот за урбанистичко планирање. Дури по завршувањето на целата законска постапка може да стане конечен план“.

За Герасимовски, неосновани се и обвинувањата за ерозија и свлечишта.

За ваквите тврдења, додава тој, не е приложен ниту еден официјален документ, стручна анализа или мислење од надлежна институција.

„Наместо факти, повторно се пласираат шпекулации и се шири страв меѓу граѓаните.

При изработката и донесувањето на Генералниот урбанистички план, врз основа на кој се изработуваат сите детални урбанистички планови, се спроведуваат низа стручни анализи, геолошки, геомеханички и други експертски испитувања со кои се утврдуваат зоните погодни за градба. Токму тие стручни документи, а не политичките квалификации, претставуваат основа за урбанистичкото планирање“.

Како што оценува, подеднакво несериозно е и тврдењето дека Деталниот урбанистички план се носи во интерес на поединци. ДУП, додава тој, не се изработува за една парцела или за еден инвеститор, туку претставува плански документ со кој се уредува просторот во интерес на сите граѓани – инфраструктурата, јавните површини, зеленилото, сообраќајот и условите за квалитетен живот.

„Доколку навистина имате дилеми, професионалниот и одговорен пристап е одговорите да ги побарате од надлежните институции, а не преку политички конструкции и паушални оценки.
Очигледно, повторно покажувате непознавање на постапката за усогласување на нацрт-ДУП со ГУП, па затоа ве упатуваме да се обратите до единствената релевантна институција во оваа постапка – Град Скопје. Таму ќе ги добиете сите факти и стручни образложенија. Наместо да ја доведувате јавноста во заблуда, покажете елементарна одговорност и информирајте се пред да пласирате неточни тврдења.

Општина Центар ќе продолжи транспарентно да ја води постапката, целосно почитувајќи ги законските процедури, мислењата на сите надлежни институции и јавниот интерес, а не политичките манипулации и обидите за собирање дневнополитички поени“.

Најново

Свет2 минути

(Видео) Објавена најстрашната снимка од епицентарот на пожарот во Омиш

Големиот пожар што избувна во областа Локва Рогозница вечерта на 13 август се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи...

Топ42 минути

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од...

Свет47 минути

Силен земјотрес ја погоди Гранада: Туристи панично ги напуштаат хотелите, оштетени домови и автомобили

Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени ја погоди туристички популарната област во јужниот дел на Шпанија, предизвикувајќи паника меѓу...

Македонија1 час

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како...

Македонија1 час

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно...

Свет2 часа

Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што...

Македонија2 часа

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој...

Црна хроника2 часа

Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во...

Македонија3 часа

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест...