Македонија
Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик
Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија.
Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници.
Акцијата има за цел да обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да придонесе празничните денови да бидат исполнети со достоинство, топлина и грижа за сите, велат од Општината.

„Во духот на Велигден – празник на надежта, солидарноста и човечноста, важно е да покажеме дека никој не е сам. Оваа поддршка ја даваме континуирано и ќе продолжиме и во иднина. Како општина, остануваме посветени на помош за граѓаните на кои им е најпотребна“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен фокус на социјално ранливите категории, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време со сончеви периоди, во сабота невреме со дожд и силен ветер
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Фото: Depositphotos
Македонија
Сиљановска-Давкова на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните
Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот.
Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, Сиљановска-Давкова истакна „канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува институциите и заедницата и ќе придонесува за зајакнување на демократската култура“.
За Сиљановска-Давкова, возобновувањето на Народната канцеларија е резултат на домашните искуства и потреби, но идејата е инспирирана од практиката во САД. Целта е да се создаде достапен простор во срцето на градот, каде што секој граѓанин ќе може слободно да дојде, да побара помош, да постави прашање, да предложи иницијатива, или да упати критика.
Во Народната канцеларија таа препознава отворено демократско катче за сите: за граѓаните, невладините организации, средношколците, студентите, пензионерите, а особено за младите кои сакаат да ги искажат своите таленти и знаења.
Повикувајќи на силен граѓански активизам, претседателката укажа дека просторот ќе биде достапен за организирање на трибини, едукативни настани, младински и волонтерски иницијативи, културни и хуманитарни проекти.
Со цел институцијата Претседател да биде подостапна и поблиска до граѓаните низ целата земја, Сиљановска-Давкова ја искажа намерата вакви народни канцеларии да бидат отворени и во други градови низ државата.
Воедно, таа се заблагодари на Националниот младински совет на Македонија за досегашната работа, посакувајќи успешна соработка во идина.
По поздравното обраќање, претседателката оствари средба со граѓани меѓу кои активисти во различни области, доктори, професори, спортисти, студенти, волонтери, како и лицa со оштетен вид.
Тие ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат; споделија успешни професионални приказни; дадоа предлози и иницијативи за подобрување на здравствените услуги; побараа поддршка за реализација на општокорисни активности; упатија покани до претседателката за присуство на настани и ги разгледаа можностите за соработка со Кабинетот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ по реакциите за Дејвид Гета: СДСМ го чека празникот за независноста на Бугарија
Разбираме дека Дејвид Гета не му е по вкусот на Филипче кој го преферира Харис Џиновиќ, но разликата помеѓу Дејвид Гета на Стадион, достапен за сите граѓани и Харис Џиновиќ на приватна журка на Филипче и Заев во Дубаи платен со крадени пари од граѓаните е евидентна и огромна, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се додава дека срамно е што СДСМ е и против прослава на независноста на Македонија, бидејќи очигледно го чекаат славјето на денот за независност на Бугарија.
СДСМ претходно побара одговори од Владата во врска со најавениот концерт на Дејвид Гета во Скопје по повод 35 години од независноста.
Од партијата прашаа колку ќе ги чини граѓаните целиот настан, наведувајќи дека само хонорарот на Дејвид Гета, изнесува најмалку еден милион евра.
