Контакт

Македонија

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври” со нова библиотека-медијатека од септември

Објавено пред

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи.

„Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката.

Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови, соопшти Општината.

Најново

Европа8 минути

ЕУ подготвува досега најсилен удар против Русија

ЕУ е подготвена значително да ги прошири санкциите против Русија во наредните месеци, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ,...

Свет14 минути

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго одзеде 2.325 животи, покажаа вчера владини бројки, надминувајќи го бројот на смртни случаи...

Европа19 минути

(Видео) Пет тинејџери загинаа во директен судир на автопат во Ирска

Пет тинејџери загинаа, а четворица други се тешко повредени во директен судир меѓу два автомобила на автопатот М9 во Ирска....

Свет25 минути

Трамп драматично се сврте против Јужна Кореја: „Северна Кореја не е закана за нас“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека му наредил на Пентагон значително да ги намали заедничките воени вежби со Јужна...

Култура37 минути

Извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“

Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Честа да...

Култура42 минути

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан...

Македонија45 минути

Дел од општината Чаир денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Од 08,30 часот до завршување на...

Македонија52 минути

Без струја денеска делови од општините Илинден и Гази Баба

Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 06.00...

Македонија56 минути

Температурата денеска до 38 степени, утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец....