Контакт

Македонија

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината.

Преку порталот, граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа.

„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации. Нашата цел е преку современи алатки да ја подобриме комуникацијата со граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да овозможиме полесен пристап до општинските услуги“, истакна Герасимовски.

Преку ГИС порталот, корисниците можат:
• да ги следат сите новости, соопштенија и активности на Општината;
• да се информираат за културната програма, јавните настани и манифестации;
• да добиваат информации за тековните и планираните инфраструктурни зафати;
• да учествуваат во анкети, консултации и граѓански форуми, со што активно придонесуваат во креирањето на општинските политики и приоритети.

Герасимовски вели дека порталот постојано се надградува со нови функционалности и дигитални услуги. Еден од најкористените е модулот за градинки, преку кој родителите имаат персонализиран увид во активностите на своето дете, присуството, известувањата од градинката и други важни информации.

Во рамки на ГИС порталот достапни се и:
• информации за Деталните урбанистички планови со можност за пребарување и електронско поднесување на барање за извод од ДУП;
• 3Д приказ на општината, Digital Twin – дигитален близнак со современа 3Д визуелизација на просторот;
• Зелен катастар, кој овозможува детален увид во зелените површини, парковите и дрворедите;
• информации за јавната инфраструктура, сообраќајната мрежа и останатите просторни податоци од значење за граѓаните.

Најново

Македонија20 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија22 минути

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура53 минути

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија1 час

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава1 час

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет2 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...

Македонија3 часа

ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше...