Македонија
Глоби ќе се плаќаат според заработката, бројот на вработени и поведението на фирмата
Собранието со двотретинско мнозинство изгласа три закона, кои во многу елементи ќе ги подобрат условите за граѓаните и за стопанските субјекти и тоа Законот за прекршоци; Законот за општа управна постапка и Законот за парнична постапка.
„Со Законот за прекршоци суштинска новина е воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно со економската моќ на субјектите“, рече Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Појасни дека за нивелирање на глобите се земаат предвид три критериуми, и тоа вкупниот приход во претходната фискална година, бројот на вработени и претходното поведение на фирмата.Така, според приходот минимални 10 отсто ќе плати фирма која остваруваа приход до 500.000 денари, па сé до 70 отсто за фирми кои остваруваат приход од над 100.000.000 денари.Според број на вработени ќе се изрекува санкција во висина од 5 отсто за фирми кои имаат максимум девет вработени (а такви се повеќе од 60.215 од вкупно 70.659, или над 85 отсто од фирмите во Македонија), па сé до 20 проценти од пропишаната глоба за фирми со над 250 вработени.Третиот критериум е претходното поведение на субјектот за кој критериум може да се изрече најмногу 10 отсто од предвидената глоба, што значи дека ако претходно нема изречено санкција нема да ги плаќа овие 10 отсто.„Глоба во иста висина како досегашната ќе плаќаат само фирмите кои имаат над 250 вработени (а такви се само 0,3 проценти од фирмите во Македонија), и имаат годишен приход од најмалку 100.000.000 денари. Сите други фирми ќе имаат далеку помали глоби. Овој пример е најповолен. Ако фирмата на која е изречена глоба има до 9 вработени и остварила приход од најмногу 500.000 денари, а претходно не била санкционирана, ќе плати само 15 отсто од сумата која претходно, пред донесување на овој закон, требало да ја плати. Односно ако пред три дена била санкционирана ваква фирма со глоба во висина од 500 евра, со примената на овој закон таа глоба ќе биде само 75 евра“, рече Димовски.Со овие измени на Законот се воведува и можноста за опомена спрема правните лица и трговците поединци.Со Законот за општа управна постапка ќе се постигне подобрување на транспарентноста на управните постапки, зголемување на довербата на граѓаните кон јавната администрација, професионализација на јавната администрација и нејзина ориентираност кон услугите кои таа ги дава, примена на информатичко-комуникациските технологии, усогласување со стандардите на ЕУ, зголемување на економичноста и ефикасноста на работата на јавната администрација.Со Законот за парнична постапка, се предвидува задолжителен обид за решавање на спорните стопански односи чија вредност не надминува милион денари по пат на медијација пред заведување на постапката пред суд./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба е испукана на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, гласањето се одвива мирно без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територија на општина Чаир се забележани летоци кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графити. На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и улесниците на изборите, во текот на гласањетоо, до завршувањето, да се воздржат од било какви инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.