Контакт

Македонија

Го грабнале, му се заканувале дека ќе го силуваат и убијат и го присилувале да признае наводно дело: истражна постапка за две лица од Демиркаписко

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Корешница, општина Демир Капија, за кои постои основано сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Грабнување согласно член 141 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени, на 12 април, заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот.

Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат.

Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал. Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Меѓутоа, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успеал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото. Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино.

Бидејќи станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, јавниот обвинител процени дека постои основан страв дека осомничените ќе се дадат во бегство или ќе извршат ново кривично дело доколку се бранат од слобода, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти обвинителството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Објавено пред

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“.

„Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор.

Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност.

Комисијата повеќе нема да биде формалност. Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и Бадинтеровиот принцип“.

„Вреди“ како што додаваат од партијата, става крај на практиките на институционално занемарување. Законот за правична и соодветна застапеност, подвлекуваат дека ќе се спроведува со целосна сериозност. Според нив, институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Савески-Хрицова: разговарано за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките

Објавено пред

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство.

Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, како и испитување на можностите за потпишување меморандум за соработка меѓу македонското и словачкото обвинителство.

Савески и Хрицова разговараа и за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

„Њујорк пост“: Американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на Трамп

Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да...

Свет4 часа

СЗО: Лицето од САД негативно на хантавирус, бројот на случаи во светот е намален на десет

Директорката на Одделот за подготвеност и превенција на епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денес...

Свет4 часа

Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец....

Свет4 часа

Стармер: Ќе го спречиме секој што се обидува да шири омраза и поделби во Британија

Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека...

Свет4 часа

Трамп: Само САД и Кина можат да пристапат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по враќањето од Пекинг дека само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум...

Свет5 часа

Израел го нападна водачот на Хамас, Иза ал-Дин ал-Хадад

И покрај кревкото примирје во Газа, постигнато со посредство на САД, Израел изврши напад насочен кон врвниот воен лидер на...

Свет5 часа

Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници

Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во...

Македонија5 часа

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките...

Свет6 часа

Премиерот на Полска: Откажувањето на пристигнувањето на американските војници нема да влијае на нашата безбедност

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае...