Македонија
Голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел
Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија.
Градоначалникот Дарко Костовски и директорот на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, Иван Митровски, извршија увид во заедничките активности на општината и претпријатието за чистење и одржување на канализационата мрежа.
Од Општина Бутел информираат дека редовното и темелно чистење ќе продолжи во наредните денови, во сите населени места на територијата на општината.
Целта на активностите е да се подобри функционалноста на канализациониот систем, да се спречат застои и да се придонесе за почиста и поздрава животна средина за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
