Македонија
Ѓорчев во Тетово: Изборите се референдум за Македонија
Предвремените парламентарни избори на 11 декември се поинакви од другите и значат референдум за Македонија, порача носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица од Коалицијата „За подбра Македонија“ предводена од ВМРОДПМНЕ, Владимир Ѓорчев кој ги посети тетовската населба Колтук и црквата „Свети Никола“.
„Граѓаните на Тетово цврсто стојат на позициите на македонска државност, на позициите на унитарност на Македонија и на позициите на уставниот поредок што тука во Колтук луѓето знаат што значи за оваа држава. Овие избори се поинакви од изборите досега бидејќи овие избори се референдум за Македонија. Ако во 1991та година референдумот беше за создавање на независна Македонија овие избори во 2016тата година се референдум за сочувување на Македонија“, рече Ѓорчев.
Тој со соработниците ги посетија планинските села во состав на општина Боговиње, Урвич и Јеловјане, каде се сретна и поразговара со жителите, од кои дел се Македонци со исламска вероисповед.
„Атмосферата е навистина добра при контактите со жителите и нивните прашања додека ја претставуваме нашата програма. Она што е навистина добар податок е дека на минатите избори пред две години имавме за првпат победа и во Урвич и во Јеловјане и историски рекорден најдобар резултат. Овојпат очекуваме уште подобар резултат и уште поголем број на гласови и сите најави се во таа насока. ВМРОДПМНЕ и коалицијата од 25 политички партии и сега очекува победа и во Урвич и во Јеловјане бидејќи приемот на луѓето е навистина добар и топол“, рече Ѓорчев.
Имаме намера, додаде тој, да реализираме поголем број проекти овде кои се поврзани со
патот, здравството, безбедноста на граѓаните, со училиштето, образованието./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис
СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, соопшти СДСМ.
Македонија
Променливо облачно време, претпладне со појава на магла
Променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Ќе има повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Потоа ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време со сончеви периоди. Ќе има појава на утринска магла или ниска облачност по котлините каде што повремено ќе има и пониска дневна температура. Кон крајот на работната недела утринските температури ќе бидат за неколку степени пониски.
Македонија
Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, секогаш посветено работев за членстовото на земјата во НАТО
„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“ напиша поранешниот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи во врска со одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа.
Груби вели дека целиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засегала директно и лично.
„Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.
Тој додава дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја негова акција.
Груби беше ставен на црната листа заедно со судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети поради корупција во врска со судски случај поврзан со Сашо Мијалков.