Контакт

Македонија

„Горивата пак ќе поскапат, задоцнетата и половична мерка на Мицкоски без ефект“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% – горивата повторно ќе поскапат и граѓаните нема да почувствуваат ништо“, велат од СДСМ.

„Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари.

Ова е потврда дека половичната мерка на Мицкоски нема да го спречи растот на цените, граѓаните ќе плаќаат уште поскапо гориво а цените на храната ќе продолжат да растат.

Задоцнетата реакција на Владата граѓаните ги чини скапо – над 4,5 милиони евра повеќе се платени за гориво, а во меѓувреме се активираше спиралата на поскапувања на хрната. Денес веќе гледаме дека маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот постојано растат и веќе се над 100 денари за килограм.

Очигледно владата на Мицкоски избегнува суштински решенија за намалување на цените затоа што ги штити бизнис интресите на ВМРО кои профитираат од високите цени.

Реалноста е дека цените растат, платите не се зголемуваат, а Владата на Мицкоски нема план ниту пак сака нешто да преземе.

Тоа ќе значи зголемување на сиромаштијата, празни фрижидери и намалување на стандардот на граѓаните.

СДСМ повторно бара Владата веднаш да ги прифати предложените мерки кои вистински ќе донесат до намалување на цените и ќе им помогнат на граѓаните: намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините“, соопшти СДСМ.

Најново

Забава6 минути

Како гром од ведро небо: Неочекуваните вести ги менуваат животите на овие три хороскопски знаци

Ако мислевте дека сè е изгубено за вас, судбината можеби ве негира. Дознајте дали сте еден од „среќните добитници“. Некои...

Забава19 минути

Александра Пријовиќ во бикини што чини богатство: изгледа како бомба по второто породување

Српската пејачка Александра Пријовиќ повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат во центарот на вниманието беше луксузно...

Европа45 минути

(Видео) Етна го парализираше воздушниот сообраќај на Сицилија, илјадници патници се погодени

Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската...

Свет51 минута

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет54 минути

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа59 минути

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...

Свет1 час

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава1 час

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава1 час

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...