Македонија
Гошева се премисли, направила преседан заради кризата во државата
Претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, иако на 18-ти февруари беше децидна дека Уставниот суд не е надлежен да расправа за иницијативата за распуштање на Собранието со одложено дејство, сепак на денешната седница се премисли и направи отстапка од судската практика поради состојбата во којашто се наоѓала државата.
Гошева се повика на одлука, отстапување од судската практика., коешто било направено во 2001 година за време на конфликтот, поради државни интереси.Иако Уставниот суд прво се прогласил за ненадлежен, сепак направил преседан во своето постапување и се впуштил и мериторно одлучувал, го укинал Законот за ратификација на билатерален договор меѓу Македонија и Грција за изградба и управување со нафтовод. Судот тогаш не бил надлежен да одлучува за ваквиот Закон и го ставил надвор од правниот промет. „Имајќи го предвид ваквиот исклучок и состојбата во која се наоѓа државата, која е доста специфична и во која органите се наоѓаат во функционална блокада, и подолг период нема разрешница на настанатата состојба, сметам дека Судот треба да направи отстапка, да расправа и да одлучи по оспорените одлуки. Јас, како претседател на Судот, и како судија сега, но не и во иднина, ќе направам преседан, ќе го поддржам предлогот на рефератот и ќе гласам за поведување на постапка за оценување на уставноста на оспорените одлуки“, истакна Гошева.Пред неколку месеци Гошева тврдеше дека Одлуката на Собранието претставува поединечен акт кој важи само за тоа Собрание и Уставниот суд не е надлежен да постапува по неа.„Зборуваме за акт кој не е закон или пропис, туку е поединечна одлука. Дефинитивно не може Уставниот суд да ја прифати оваа иницијатива и да одлучува мериторно за уставност на акт кој не е закон или пропис, туку е конкретен поединечен акт“, рече Гошева.Иницијативата којашто претходно ја поднесоа претседателот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов и претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров беше отфрлена со пет гласа „против“ и четири гласа „за“, а денеска судиите едногласно одлучија да расправаат за уставноста на распуштањето на Собранието.Судија известител во овој предмет е Исмаил Дарлишта, при презентирањето на иницијативата поднесена од пратеникот на владејачката ДУИ, Талат Џафери, истакна дека Судот веќе еднаш ја разгледувал една од одлуките кои се оспоруваат во иницијативата, но потенцираше дека ново во иницијативата е тоа дека се менува датумот на Одлуката за распуштање на Собранието која ја носи Собранието кое веќе било распуштено со претходната одлука. Судот не побарал одговор од Собранието, бидејќи тоа веќе било распуштено.Судиите во среда едногласно донесоа одлука со која што се запираат сите изборни дејствија, односно сите акти кои произлегуваат од одлуката за распуштање на Собранието. Конечната одлука за распуштањето на Собранието ќе биде донесена идната недела. Најверојатно Уставниот суд ќе ја поништи одлуката за распуштање на Собранието, со оглед на тоа што Претседателот на Собранието експресно закажа седница на Собранието за во среда во 16 часот, на која што се очекува пратениците да расправата за одложување на изборите закажани за на 5 јуни./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.