Контакт

Македонија

Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура, Советот дреме, велат од Левица

Објавено пред

Јулските сметки од ЈП „Комуналец“ веќе се на домашните адреси, со пресметано водоснабдување за месец во кој градот помина низ контаминација на водоводниот систем, официјална апсолутна забрана за пиење и користење на водата и недели неизвесност околу најосновната животна потреба, велат од Левица.

„Граѓаните купуваа вода, носеа канистри, бараа медицинска помош и живееја под сериозен здравствен ризик, ужасно тешко секојндневие и тоа во летниот период. Институционалниот апарат, кој со недели се плеткаше околу утврдувањето на состојбата, за фактурирањето одеднаш проработе беспрекорно. Советот на Општина Гостивар во меѓувреме продолжува со својата омилена дејност – дремење, веројатно чекајќи советниците на ДПМНЕ, ВЛЕН, ДУИ, ДПТМ и СДСМ да се приберат од одмори за да можат сите да го добијат паушалот за хибернирање“.

Советот, истакнуваат од оваа партија, многу добро знаеше дека по здравствената криза ќе стигнат и јулските сметки.

„Знаеше дека во нив ќе биде пресметана вода за период во кој граѓаните живееја во неизвесност дали воопшто смеат да ја користат, а сепак дозволи фактурите да стигнат пред да донесе каква било одлука за нивниот третман, дури и после апели од страна на Народниот правобранител и од Левица. Денес гостиварци се оставени сами да размислуваат дали да платат, да чекаат, да поднесуваат приговори и дали со неплаќањето ризикуваат дополнителни трошоци и евентуално извршители некогаш да им тропнат на врата. Сето ова, додека Советот планира дури на последниот ден од август да решава што ќе прави со проблемот што одамна му беше познат, додека грѓаните се повторно втурнати во страв и заблуда.

Советот брои 23 членови, од кои НАИ, коалицијата предводена од ДУИ, има 12 и самостојно мнозинство. ДПМНЕ има пет советници, ВЛЕН три, ДПТМ два и СДСМ еден. Сите седат во истиот Совет и сите повеќе од еден месец ја гледаат кризата пред себе. Особено бедно е ДПМНЕ да се однесува како надворешен набљудувач и секојдневно да бара политички виновници, додека има пет свои советници во органот кој треба да одлучува токму за последиците што денес ги трпат гостиварци, а можеле да бараат и вонредна седница. НАИ ја носи тежината на советничкото мнозинство, а ДПМНЕ и ВЛЕН ја носат и тежината на централната власт“.

Според Левица, Законот за водите пропишува дека водата наменета за човечка употреба секогаш мора да биде безбедна и чиста и забранува снабдување со вода која може да претставува опасност по здравјето.

Законот за заштита на потрошувачите, потсетуваат, бара јавната услуга да биде сигурна и квалитетна.

„Во Гостивар токму суштината на услугата беше компромитирана. Од чешмата течеше вода која надлежните (после период на екстремна ноншалантност и манипулации) ја прогласија за небезбедна за пиење и согласно тоа, сметката престанува да биде обична месечна обврска, напротив – станува прашање на одговорност за услуга што не била обезбедена во пропишаниот квалитет.

Советот веќе одамна требаше да има расчистено како ќе се третира јулската фактура и како ќе се пресмета августовската. ЈП „Комуналец“ и Општина Гостивар требаше барем уште со испраќањето на сметките да им достави на корисниците јасно образложение за спорниот период. Наместо таква елементарна правна сигурност, илјадници домаќинства денес држат фактура во рака и треба сами да погодуваат дали да платат, колку да платат и какви последици може да предизвика неплаќањето“.

Левица бара веднаш уште пред седницата на Советот јавно и писмено да им се соопшти на граѓаните како и дали да постапуваат со пристигнатите фактури.

Левица бара Советот да донесе одлука со која ќе се изврши системска корекција на надоместокот за водоснабдување за периодот опфатен со официјалната забрана, но и пред тоа – кога граѓаните без должен надзор на институциите биле со денови изложени на отровна вода. Постапката, како што велат, мора да биде автоматска за сите корисници за кои важеле истите околности. „Нема никаква разумна основа десетици илјади луѓе поединечно да докажуваат пред претпријатието дека во Гостивар постоеше вода со фекалии, постоеше забрана за користење на истата и беше предмет на кризна состојба.

И тука мора да се отвори уште едно прашање кое власта очигледно сака да го затрупа под фактурите. Гостиварци имаат основ да бараат одговорност и надомест за реалната штета што ја претрпеа. Купена вода, медицински трошоци, нарушено секојдневие и ризик по здравјето не исчезнуваат со едно соопштение дека водата повторно е безбедна“.

Најново

Свет6 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава13 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија23 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија24 минути

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...

Забава26 минути

Прецизен список на намирници што помагаат во согорувањето на маснотиите: Ќе слабеете полесно

Ако под „храна што согорува масти“ подразбираме намирници што согоруваат калории без никаков напор од наша страна, тогаш мора да...

Спорт27 минути

Ливерпул нуди 50 милиони долари за вундеркиндот од Клуб Тихуана

Ливерпул би можел да го доведе еден од најталентираните млади играчи во светот во зимскиот преоден рок. Англискиот гигант го...

Забава33 минути

(Фото/Видео) Зендаја ја „навреди“ француската прва дама: снимката се шири на интернет

Зендаја неодамна присуствуваше на модна ревија во Париз, каде што нејзиното однесување привлече внимание во јавноста. Судејќи според коментарите на...

Македонија36 минути

(Видео) Штерјова: Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра, не влегоа ниту во собраниската сала

Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра. Не влегоа ниту во собраниската сала. Токму на Светскиот ден на...

Свет41 минута

Потпретседателот на полскиот парламент ги повика луѓето да се вооружат

Заменик-претседателот на полскиот Сејм, Кшиштоф Босак, повика на олеснување на прописите за набавка на огнено оружје, велејќи дека полските граѓани...