Контакт

Македонија

Граѓаните ги чека тежок септември, животниот стандард продолжува да паѓа, вели Филипче

Објавено пред

На денешниот брифинг за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека животниот стандард ќе продолжи да паѓа и дека граѓаните ги чека тешка есен. Говорејќи за економската и социјалната состојба во државата, Филипче нагласи Владата нема никаков план како да ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар што се заканува наесен.

„Наместо мерки за заштита на животниот стандард, власта ги остава граѓаните сами да се справуваат со растот на цените на храната, скапите горива и сè поголемите трошоци за живот“, рече Филипче.

Тој посочи дека регионалните и глобалните случувања дополнително можат да ја влошат економската состојба, а Владата не презема никакви мерки за да ги заштити граѓаните од нови поскапувања.

„Во септември очекувам да има голема криза. Знаете дека има екстремно низок водостој на Дунав, прогласена е кризна состојба и во Србија и во Унгарија. Унгарија гаси дел од нуклеарните постројки за производство на струја поради тоа што нема вода за ладење. Можеби тоа дополнително ќе влијае на цената на струјата во регионот. Не знаеме како ќе се одвива ситуацијата со војната во Иран. Ако тоа не се смири, гледаме дека горивата растат. Никакви мерки нема за граѓаните. Очекувам голема криза“, рече Филипче.

На брифингот Филипче предупреди дека најтешкиот удар врз семејните буџети на граѓаните ќе дојде во септември, кога граѓаните ќе се соочат со дополнителни трошоци, а Владата, како што кажа, не најавува ниту повисоки плати, ниту мерки за ублажување на ценовниот шок.

„Кога ќе почне септември, почнуваат трошоците за училиштата. Нема никаква најава за зголемување на платите. Што ќе биде со горивата? Дали ова поскапување повторно ќе повлече нова спирала поскапувања? Гледате што се случува со цените во маркетите. Голема криза ќе биде. Мислам дека цените повторно ќе пораснат со ова последно зголемување на цените на горивата. Никој не ги контролира цените и тие растат. Никој не презема мерки“, рече Филипче.

Воедно, Филипче укажа дека власта се обидува преку административни трикови да ја прикрие реалната состојба со животниот стандард, наместо да понуди вистинска помош за граѓаните.

„Ниту една цена не замрзнаа. Уште ќе ја скрателе синдикалната кошничка. Не ги контролираат цените, а ќе ја скратат синдикалната кошничка. Што е работата? Да се направи трик. Нема никаква тенденција, ниту план за зголемување ниту на платите, ниту на пензиите. Сето тоа ќе донесе многу голем немир кај населението“, рече Филипче.

Најново

Европа23 секунди

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...

Свет2 минути

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт7 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија13 минути

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...

Македонија17 минути

Левица: Испраќањето пратки преку Македонска пошта кон САД е речиси невозможно

До политичката партија Левица деновиве пристигнале повеќе алармантни дописи од граѓани и мали стопанственици околу колабирањето на Македонската пошта, соопшти...

Македонија17 минути

„Тошковски го штити кумашинот Јанушев“, велат од СДСМ

„Скандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност. Според...

Свет23 минути

(Видео) Мамдани објави тајни досиеја за 11 септември: воздухот беше опасен, десетици илјади заболеа од рак

Градот Њујорк објави повеќе од 170.000 страници претходно класифицирани записи за квалитетот на воздухот по терористичките напади на 11 септември...

Македонија39 минути

Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица

Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица. Станкоска е дипломиран политиколог, советник во Советот на...

Спорт40 минути

Скалони нема да го продолжи договорот?

Фудбалската репрезентација на Аргентина, како што сега стојат работите, новиот циклус ќе го започне од нула. Откако Лионел Меси се...