Македонија
Граѓаните може да проверат дали ги има во избирачкиот список на веб
Граѓаните може да направат проверка на податоците во Избирачкиот список од четврток, и тоа со внесување на единствениот матичен број, со внесување на име и презиме или преку адреса на живеење, објави ДИК.
„Како една од новите надлежности со Избирачкиот законик, ДИК го објавува Избирачкиот список на својата веб страница со следниве податоци: име, презиме и адреса на избирачите. Избирачкиот список во оваа форма и во вид на веб апликација е веќе активен од денеска (четврток) од 14 часот, на веб страната на ДИК на посебен линк. Состојбата на податоците во објавениот Избирачки список е заклучно со 1-ви декември 2015 година. Со редовното ажурирање на Избирачкиот список очекуваме новата состојба да биде објавена веднаш по обработката на податоците“, рече Љупка Гугучевска од ДИК.Таа појасни дека, секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини, а барање за тоа граѓаните може да поднесат до подрачната канцеларија на ДИК според местото на живеење.Адресарот и контактите на канцелариите на подрачната ДИК се на самиот линк на апликацијата во дното на страницата.Веб апликацијата за граѓанска контрола на Избирачкиот список нуди можности за проверка на податоците во избирачкиот список по три основи, Единствен матичен број на граѓанинот, име и презиме и адреса. „Проверката според единствен матичен број на граѓанинот е функционалност која веб апликацијата за проверка на податоците во избирачкиот список се содржеше и досега. Таа овозможува секој граѓанин да ги провери своите податоци во Избирачкиот список со внесување на својот матичен број. Доколку при ваквата проверка на Избирачкиот список се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување на податоци или бришење на податоците кои ги содржи Избирачкиот список, секој граѓанин има право да поднесе барање до подрачното одделение на ДИК. Ваквото барање граѓаните треба да го поткрепат со соодветна документација“, појасни Гугучевска. Првата новина на апликацијата за веб проверка на податоците од Избирачкиот список, е преку име и презиме, кога граѓанинот ги внесува на страната и му излегуваат податоците. „Проверката според единствен матичен број на граѓанинот е функционалност која веб апликацијата за проверка на податоците во избирачкиот список се содржеше и досега. Таа овозможува секој граѓанин да ги провери своите податоци во Избирачкиот список со внесување на својот матичен број. Доколку при ваквата проверка на Избирачкиот список се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување на податоци или бришење на податоците кои ги содржи Избирачкиот список, секој граѓанин има право да поднесе барање до подрачното одделение на ДИК. Ваквото барање граѓаните треба да го поткрепат со соодветна документација“, појасни Гугучевска. Првата новина на апликацијата за веб проверка на податоците од Избирачкиот список, е преку име и презиме, кога граѓанинот ги внесува на страната и му излегуваат податоците. Втората новина е пребарување со внесување на адресата на живеење, кога системот дозволува проверка на сите оние кои се заведени како гласачи на таа адреса. „Доколку при оваа проверка граѓнинот увиди сомнителни записи во Избирачкиот список, за тоа може да достави Известување до подрачното одделение или канцеларија на ДИК, која пак секое звестувње ќе го разгледа и ќе постапи согласно законските надлежности. Сакаме да ги охрабриме граѓаните да ја користат оваа веб апликација и да ги користат можностите за комуникација со ДИК преку нејзините подрачни одделенија и канцеларии“, рече Гугучевска. Во врска со вкрстувањето на податоците од базата на податоци ДИК, вчера, достави соопштение до сите медиуми дека откако ќе заврши процесот на вкрстување на податоците и откако ќе се усвои единствениот извештај на крајот од овој процес тогаш ќе може да сподели информации за текот и за резултатите од процесот. Од ДИК велат дкеа нема проценки кога ќе заврши процесот на вкрстување на податоците./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.
Македонија
ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто
Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.
Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.
Македонија
Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови
„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.
„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.
„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.
Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.
Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.