Контакт

Македонија

Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“: Наместо зелени површини, жителите на градот добиваат бетон

Објавено пред

Во подножјето на Националниот парк Галичица, во некогаш зелениот појас на Бејбунар, богат со подземни води, забрзано се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради, една до друга, без каков било простор за урбано зеленило, или да се зачува барем она што останало, реагираат од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“.

„Деновиве, дел од просторот каде се наоѓаше механизацијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ е претворен во градилиште, за кое меѓу другото се сечат децениски стебла.
Додека ни го редуцираат зеленилото кое ни припаѓа, општинарите носат Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид (2023–2032) со стратешка цел Охрид да стане одржлив „зелен град“, со мрежа на висококвалитетни и атрактивни зелени површини, што ќе придонесе за благосостојбата и здравјето на сите граѓани и посетители, притоа зачувувајќи ја животната средина и биодиверзитетот. Со стратешката цел, треба да се задоволи и законската обврска за 25 м² по глава на жител застапеност на зелени урбани инфраструктури. Каква иронија! Наместо атрактивни зелени површини, жителите на Охрид добиваат бетон. Огромни количини бетон“.

Во Правилникот за урбанистичко планирање, појаснуваат од таму, предвиден е оптимален стандард на застапеност на зелени урбани инфраструктури од 25 м² по жител. Но реалноста, како што велат, е далеку од оптималните стандарди.

Според нив, секој жител на Охрид има само 1,6 м² зелена површина.

„Општината ни одзела 93.6% од она што ни следува и што е оптимално (не максимално) а ни оставила едвај 6.4%. Па после се чудиме зошто е воздухот загаден, зошто повеќе нема струење, зелени простори за одмор и рекреација.
Изминативе 25 години се изградени стотици згради и одземени се огромни површини зеленило, овоштарници, обработливо земјиште, блатни пространства. Во овој период не се подигнал нов парк, нов дрворед (овде не се сметаат исечените стари дрвореди и засадените мали стебленца на нивно место), нова зелена оаза, рекреативна зона. Зелениот појас по должината на кејот до каналот е подигнат во минатиот век. Денеска од него се одземаат сегменти за да се направат паркинзи за угостителските објекти. Реално, Охрид нема градски парк, налик оној во Скопје. Скоро секојдневно се сечат децениски стебла, се одземаат зелени површини. Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид уште на почетокот на првиот мандат се заложи дека ќе работи на развивање на зелената агенда „Охрид зелен и хуман град“ со зголемена еколошка свест, така што ќе се зголемат зелените појаси во општината. Од тоа останаа само зборовите, а за време на неговиот мандат енормно се зголеми изградбата на висококатници. Се реализира токму спротивното од она што беше најавувано“.

Активистите на оваа граѓанска иницијатива велат дека градот Охрид спаѓа во средно големи градови.

Оценуваат дека процентот на препорачана вкупна застапеност на површини со зелени урбани инфраструктури треба да се движи од 14–20%.

„Според податоците на Државниот завод за ревизија процентот на планирано зеленило согласно актуелниот генерален урбанистички план на Охрид е под минимумот, односно 10,82%. Дополнително е утврдено дека во планските опфати на генералните урбанистички планови не е достигнат оптималниот стандард на застапеност на зелена урбана инфраструктура од 25 м² по глава на жител“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Вреди“ за протестите: Зошто Ахмети се крие зад студентите, го потпалува огнот позади, додека ги турка другите напред

Објавено пред

Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик.
Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели, велат од „Вреди“.

„Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети.
Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен.
Почитувани студенти, ние отворено разговаравме со вас. Го прифативме вашето барање и ви ветивме дека проблемот ќе биде решен.
Вие побаравте правосудниот испит да биде на албански јазик, а ние работиме сите професионални испити да бидат достапни и на албански јазик.
Во таа насока, денес во Владата се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателите на „Вреди“. Затоа со целосна сигурност ви порачуваме: многу скоро испитите ќе бидат и на АЛБАНСКИ ЈАЗИК.
Албанците не се наивни. Тие многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт.
Затоа, вистинското прашање е: Зошто Али Ахмети се крие зад студентите? Зошто не им кажува на Албанците дека ова прашање не го реши кога целата власт беше во негови раце“, прашуваат од оваа партија.

Како што додаваат, уште еднаш, Али Ахмети покажа дека „го фрла каменот, а ја крие раката“.

„Го потпалува огнот од позади, додека ги турка другите напред, а потоа се обидува политички да профитира“.

Ова прашање, според „Вреди“ не смее да се претвори во судир меѓу институциите и студентите.

„Студентите се наши деца.
Затоа ги повикуваме студентите да не подлегнуваат на политички манипулации и да имаат доверба дека ова прашање веќе е преземено од „Вреди“ и дека неговото решение е многу блиску.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНАМ се распаѓа, Левица ја презема нивната улога, велат од СДСМ

Објавено пред

ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања на СДСМ, истакнуваат од СДСМ.

„Не помина со ЗНАМ, па сега е активиран уште еден „спијач“ на ВМРО и проект на Христијан Мицкоски – Левица.

Партија креирана токму за вакви потреби.

Анти-ЕУ партија во земја во која 77% од граѓаните се за ЕУ.

Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните се за НАТО.

Руска партија во земја во која САД се стратешки партнер“.

Од СДСМ прашуваат за што служи оваа партија.

„За ништо, единствената улога на Левица е да ја напаѓа СДСМ кога криминалната влада на ВМРО нема одговори за Реформската агенда.

Кога останаа уште само 13 дена до ветувањето на Мицкоски дека ќе ги исполни сите 10 точки од реформите.

Ето за тоа служи Левица и за ништо друго.

Граѓаните јасно гледаат: секој пат кога ВМРО заглави со реформите и со ЕУ-патот, се активира некој нов „спијач“ за дефокус и напади врз СДСМ.

Доста е со проектите и лажните партии“.

Граѓаните, додаваат од таму, сакаат реформи, правда и Европа.

„Реформи сега.

Малцинства во Уставот сега.

Европа сега“.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР со апел: Граѓаните навремено да ги подигнат готовите лични документи

Објавено пред

Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи.

„Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законски предвидениот рок (па дури и порано).
Пред нас е период кога традиционално се зголемува фреквенцијата во управните служби поради годишните одмори и пристигнувањето на нашите сограѓани од дијаспората.
Со навременото подигнување на вашите готови документи уште сега, директно придонесувате да се задржи овој брз и ефикасен ритам на работа и спречувате создавање на непотребни гужви и долги редици во пресрет на летниот период“.

Повикуваат граѓаните да ја проверат важноста на своите документи и доколку веќе се имаат фотографирано, да ги подигнат.

„Нашите служби ве очекуваат а навремената реакција е во интерес на сите нас“, апелираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

Возрасно лице од Колорадо почина откако беше потврдено дека има хантавирус, случај кој не е поврзан со ширењето на вирусот...

Свет21 минута

(Видео) Маж и жена се обиделе да прошверцуваат бебиња мајмуни скриени во долна облека

Колумбиските власти уапсија маж и жена на меѓународниот аеродром Рафаел Нуњез во Картагена, откако открија грозоморен обид за прошверцување на...

Свет42 минути

(Видео) Детали за пукањето во Турција: Ја убил поранешната сопруга, а потоа следел крвав напад

Најмалку пет лица беа убиени денес, а седум беа ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин...

Македонија1 час

„Вреди“ за протестите: Зошто Ахмети се крие зад студентите, го потпалува огнот позади, додека ги турка другите напред

Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на...

Свет1 час

Шефoт на естонската разузнавачка служба: Времето не е на страната на Путин

Русија се бори со растечкиот домашен притисок поради неуспесите на украинското бојно поле и економските тешкотии, изјави Каупо Росин, директор...

Свет2 часа

„Њујорк Тајмс“: САД и Израел подготвуваат нови воени операции против Иран веќе оваа недела

Соединетите Американски Држави и Израел подготвуваат можни нови воени операции против Иран уште оваа недела, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се...

Македонија2 часа

ЗНАМ се распаѓа, Левица ја презема нивната улога, велат од СДСМ

ЗНАМ се распаѓа. Последната улога што ја има е да ја напаѓа СДСМ со учество во Латасовата кампања за обвинувања...

Свет2 часа

Белоруската армија започна обука за борбена употреба на нуклеарно оружје

Со цел да се подобри подготвеноста на вооружените сили на Белорусија за употреба на современо оружје, вклучително и специјална муниција,...

Свет3 часа

(Видео) Пукање во Турција: има загинати, вооружениот напаѓач побегнал

Вооружен напаѓач отвори оган во јужна Турција, убивајќи четири лица и ранувајќи осум, објавија денес локалните медиуми на Би-Би-Си. Смртоносниот...