Македонија
Груевски: Граѓаните ќе гласаат за суверена и просперитетна држава и иднина

Граѓаните како столб на земјата ќе изберат мудро, убаво ќе размислат кој може да направи за нив повеќе, за државата и за нивнвата иднина, рече во четвртокот вечерта на предизборниот собир во скопската населба Аеродром претседателот на владејачка ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборната единица 4, Никола Груевски .
„Ќе повторам дека по сé што изминавме, нема двоумење и сликата за тоа кои беа причините за сé што се случи во овие две и пол години е кристална и многу јасна. Но исто така знам што ќе се случи во периодот што следи, 11-ти декември е времето кога следува одговорот на народот кој досега бележеше и следеше, тоа е оној тивкиот глас на мнозинството кое ќе рече стоп на ваквите политики, да за Македонија која оди напред, која создава шанси, реализира проекти, одговара и ги решава проблемите на народот и на сите граѓани во Македонија“, смета Груевски.
Одговори на, како што ја нарече новата стратегија, него и неговата партија да бидат нарекувани националисти затоа што се споротивставуваат на сценариото за коешто оцени дека води поделби на државата, односно на делови од државата.
“Не сме ние националисти, ВМРО-ДПМНЕ со себе ги има заедно партиите од сите етнички заедници, сите ромски партии се со нас, имаме труски, бошњачки партии во коалицијата, имаме членови Албанци. И затоа што не сме ние националисти кога даваме субвенции на сите земјоделци, како на Македонците, така и на Албанците. Зошто не нé нарекуваат националисти кога ги зголемуваме пензиите на сите граѓани подеднакво, кога ги зголемуваме платите, кога правиме мерки за подобрување на животот. Зошто не бев наречен јас националист кога отрчав прв да им помогнам на луѓето во Шипковица кога имаа мака и ги снајдоа поплавите. Зошто не бев националист кога бев во Речица да помогнам. Што не бев националист кога одам по сите села негледајќи ги луѓето што се по националност, дали се Македонци, дали се Албанци, дали се Турци, дали се Роми, дали се Бошњаци и гледам да помогнам секому, затоа што сите ние делиме заедничка судбина во оваа држава, но некој друг сака да не раскара, некој друг сака да ни вметне нешто што некои радикални структури во иднина ќе сакаат да го злоупотребат и да нé закрват и да ја растурат државата. Затоа сега нé нарекуваат националисти оние кои исполнуваат туѓи сценарија, кои работат за туѓи интереси, оние на коишто им ветиле некои ’од горе’ дека ќе ги прават премиери, а не гледаат дека народот е тој кој треба да те направи премиер“, порача Груевски.
Челникот на ВМРО-ДПМНЕ им се обрати и на вработените, велејќи дека тие можеби и најмногу знаат да проценат кој може да стори повеќе за нив и за нивните семејства, и да ги реши проблемите со коишто се соочуваат.
„Ќе слушате постојано ветувања дека приходите ќе ви пораснеле на илјада евра по семејство, ќе слушате и дека ќе имате двојно поголема плата, но најдобро знаете дека нема ништо од тоа, тоа е проверено дека нема да се оствари. И замислите тоа го кажува човек кој во исто време кога ветува дупли плати вработените во неговите фирми ги држи на минималец. Исто така ќе слушате и разно разни навреди дека сте биле само гласачка машинерија на власта, дека во строј сте оделе да гласате, само затоа што не се согласувате со Заев, тие навреди се само израз на слабост и ништо повеќе. Немојте да ве повредуваат, исфрустрирани се, слаби се, мене ме навредуваат, вас ве навредуваат….затоа губат. Губат девет пати на избори и ќе изгубат и овој десетти пат. Вие знаете најдобро кој може да ви помогне и да направи повеќе за вас“, рече Груевски.
Обраќајќи им се веднаш потоа и на невработените, Груевски вели дека ветувањата дека ќе била зголемена вработеноста доаѓа од оние кои своевремено не ги исполниле тавите ветувања и кои не донеле ниедна странска инвестиција во земјата.
„Истата таа екипа зборуваше дека ќе вработат по еден член од семејство, видевме како вработија. Испобркаа по еден од секое семејство. Заев 11 ипол години не донесе ниту еден инвеститор, ниту едно работно место нема отворено, како нас кои носиме инвестиции кои отвораат по илјада работни места. Ние го однесовме ’Џонсон Контролс’ во Струмица, не за да му покажеме на Заев, туку за граѓаните, за нив ќе се отворат 1.500 нови работни места“, рече Груевски.
Порача дека неговата коалиција се разликува од опозициската по тоа што покажала дека може да се справува со проблемот на невработеноста, и оти тоа го знаат повеќе од 160.000 кои во меѓувреме се вработиле. Притоа, Груевски вети дека ќе продолжат да создаваат нови работни места, и тоа за 70.000 луѓе.
„Ние не кажуваме само што ќе направиме, туку и како ќе го направиме тоа.. Во програмата за секој проект има објаснување, дел по дел на митинзи ги објаснуваме,…еден по ден. Прашањето кое секој треба да си го постави пред својот избор овие денови пред нас е: Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој има историја на подобро сработено, јас како претседател на владата или Заев. Кој повеќе држи до дадениот збор, а кој ги заборава ветувањата како да не биле…..кој подобро ќе се справи со економските предизвици. Видовте вие со какви предизвици се справивме, со светска, европска економска криза и со домашна политичка криза. Со кого ќе се чувствувате посигурно и побезбедно, кој има подобар кадар и програма, размислете пред да гласате…. кој ќе отвори голем број нови работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнете назад… кој ќе ги штити државните интереси подобро. И конечно на кого можете повеќе да му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени и со кого нема да се срамите кога ќе погледнете назад и кој ќе ги штити националните и државните интереси. Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави, и покрај сите заблуди и манипулации кои ги прават. Ова е избор за тебе и за Македонија“, порача Груевски.
„Вие сте столбот на нашата држава, додаде тој и продолжи: столб кој остана цврст и покрај сите предизвици изминатиов период. Сетете се само низ што се поминав. Време е за одговорот! За заедничкиот одговор!“, заклучи челниот на коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба на министерката Петровска со српскиот министер за одбрана, Вучевиќ

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска го пречека на работна средба потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ, кој е во работна посета на Република Северна Македонија.
За време на средбата беше разговарано за унапредување на соработката во доменот на одбраната, како и за учеството на земјите во регионалните иницијативи како платформи за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност.
Министерката Петровска истакна дека одржувањето на стабилноста во регионот е од приоритетно значење, кое се постигнува со отворен дијалог и добрососедски односи, а дека активното учество во регионалните иницијативи за соработка придонесуваат за градење на меѓусебна доверба и разбирање.
Петровска додаде дека целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија суштински ќе придонесе за зајакнување на стабилноста и ќе ја зголеми соработката во регионот.
Македонија
Царината заплени половина тон тутун за наргиле и над 2 илјади електронски цигари

Во заедничка акција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со Одделот за крим-полиција – Сектор за економски криминал и корупција на МВР и инспектори од Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција, запленети се речиси половина тон тутун за наргиле, електронски цигари и течност за електронски цигари.
Имено, вчера, на 26.1.2023 година, на неколку локации во Скопје во рамките на координираната акција беше извршена контрола во која беа откриени и запленети необележани акцизни производи, без акцизни маркички, од кои 454 кг тутун за наргиле, 2.290 електронски цигари, со содржина од 15.130 милилитри течност за електронски цигари.
Со оваа заплена е спречен обид на пуштање во слободен промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки од вкупно 2,5 милиона денари.
Запленетата стока во согласност со законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против инволвираните правни и физички лица поднесени се соодветни пријави до надлежните институции.
Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сè, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ-тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009 година), нашата земја ги доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.