Македонија
Груевски: Ова не беше македонско-албански судир, туку судир на лица кои не и мислат добро на државата и лица кои ја бранат
Македонската полиција ја имаше досега најтешката и најсложена операција, која беше професионално, одговорно и посветено водена од страна на полицијата составена од полицајци од сите етнички и верски групи, изјави во неделата премиерот Никола Груевски, осврнувајќи се на настаните кои се случија во Куманово, а во кои животот го загубија осум припадници на македонската полиција, во борба со терористичката групација од над 40 лица.
„Вчера и утрово во речиси непрекината 24-часовна борба, според кажувања на стручните лица во МВР со подолг стаж, македонската полиција ја имаше досега најтешката и најсложената операција. Активноста која професионално одговорно и посветено ја водеја професионалци на МВР и која македонската полиција, составена од полицајци од сите етнички и верски групи, вклучувајќи покрај Македонци и Албанци, и Турци, Роми, Срби, Власи и други етнички заедници изведе високо професионална патриотска и херојска акција со која успеја да ги неутрализа терористите кои планираа мсовни убиства во Македонија со цел дестабилизација на земјата. За жал осум полицајци ги изгубија своите животи Сашо Самоиловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски, се имињата на загинатите бранители, во оваа прилика го изразувам моето длабоко сочувство до нивните семејства колеги и пријатели, загубивме осум луѓе кои спречија убиства на можеби осум илјади лугѓе, слава им, нивниот патриотзам и херојство ќе биде пример и водилка за многу генерации, нивната жртва нема да се заборави. Покрај убиените, ранети се многу полицајци кои доцна синоќа ги посетив, многуод нив се со лесни повреди за кои ме убедија дека ќе се вратат на кај своите семејства и блиски, како и на своите работи места“, изјави Груевски.
Груевски потенцираше дека овде не се работи за македонско-албанско судир, туку за судир помеѓу, од една страна луѓе кои не и мислат добро на држава, и од друга страна луѓе кои ја штитат.
„Во текот на вчерашниот ден имаше некои медиум и поединци кои пуштаа шпекулација и невистини а кај добар дел имаш обид да се навлече гневот на граѓани Албанци на Македонија, но граѓаните Албанци не наседнаа на провокациите. Ова не е македонско албанско судир туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата и нејзините граѓани и на лица кои ја чуваат државата, уставот и уставниот поредок и безбедноста на сите граѓани. Нивното дејствување носи само штета како за Македонија, така и за Албанците во Македонија и во регионот“, порача Груевски.
Премиерот исто така информираше дека досега биле пронајдени 14 тела за кои се претпоставува дека им припаѓаат на терористичката група, во која според сознанијата имало лица кои учествувале во терористичкиот напад врз полицискиот објект во Гошинце и кои биле учесници во уште неколку конфликти досега, делумно во овој регион а делумно и на Блискиот Исток.
„Едно е сигурно, барем една од намерите беше дестабилизација на Македоија. Дозволете да истакнам дека во текот на борбите имаше беспрекорна координација меѓу државните институции. Сите кои сме на одговорни позиции бевме во контиунирана координација. Дозволете да му се заблагодарам и на градоначалникот на куманово за пораките иактивнистите во текот на оваа акција. Апелирам до сите кои во вакви моменти ја напаѓаат опозицијата или власта заради дневнополитичка конфронтација на оваа тема барем за време на вакви операции и состојби да ги прекинат овие активности бидејќи во такви моменти е потребно единство на државата. Македонија има сила да продолжи да чекори напред и да напредува, ваквите лица и настани нема да ја одвратат Македонија од стратешките цели на државата и нејзините граѓани. На сите оние кои размслуваат да и нанесат зло на државата и народот им порачувам дека ќе завршат како оваа терористичка групација во 28-те часови борба“, заклучи премиерот Груевски./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонски концепт: Ја поздравуваме одлуката на кандидатот Пендаровски да го истрча и вториот круг
Колку беше важна победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова во првиот круг, толку е важна одлуката на кандидатот Стево Пендаровски да го истрча и вториот круг и да не ги бојкотира претседателските избори, велат од Македонски концепт.
„Бојкот никогаш не бил решение, ниту на Референдуми, ниту на Попис на население, ниту пак на Избори. Мора да се почитува волјата на народот и да биде мирно предадена власта на победничката Коалиција „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, а чиј дел е и нашата партија Македонски Концепт.
Партијата Македонски Концепт честита на огромното водство на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, што е резултат на нашите политики за обединување на опозицијата, нешто што го депласираше и детронизирање ДУИ и нивните сдса измеќари, а со цел уште поголема победа во вториот круг на 8ми Мај, повикуваме на уште поголемо обединување и окрупнување на Коалицијата „Твоја Македонија“ со останати добронамерни политички партии и членови и симпатизери на останати партии, чии водства се платеници на ДУИ, но нивните поддржувачи се искрени Македонци и искрено се радуваат на оваа голема македонска победа.
Македонски Концепт го реафирмира својот став за граѓански концепт на Уставот на државата и ги повикува сите македонски граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност, да се вклучите во нашите активности и на 8ми Мај да дадете поддршка на Коалицијата „Твоја Македонија“ и број 2 на гласачкото ливче и за претседателски и за парламентарни избори“, велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8. мај
Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација на Македонија, порача ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од претседателските избори.
„Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.
Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.
На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.
По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.
Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.
Македонија повторно твоја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите
Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски.
Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.
Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арвен Таравари од ВРЕДИ со 83.356 гласови (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левица со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласови.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните.