Македонија
Груевски:Во Македонија има слобода, опозицијата е најнедемократскиот фактор
Во Македонија, има слобода и демократија и тоа многу повеќе од некои други земји, опозицијата е најнедемократскиот фактор во државата, рече реизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по гласањето на Конгресот на партијата во Куманово.
„Во очигледен сопствен недостиг на концепт, план, легитимна политичка стратегија, тие почнаа својата политичка агенда да ја потпираат на еден збор, а тоа е – слобода. Односно, и формата на организирање која произлегува од слободата, тоа е демократијата. Значи досега не слушнавме ништо ново програмски од нив, освен напади врз основа на кои ја градеа својата приказна за слободата, и нивната наводна борба против нашиот, како што тие го нарекуваат недемократски режим. Таа приказна од различни причини, најчесто заради спроведување на интерес и влијание, односно заради причини кои немаат никаква врска со опозицијата, ја прифатија и продолжија и некои земји од меѓународната заедница. Овие земји, секоја заради свои причини, некои заради стратешки интерес, иако добро ги познаваат состојбите во земјава, сепак ги користат тие алатки на некаков притисок и остварување на сопствени убедувања“, рече Груевски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ како партија е свесна за своите пропусти, но е отворена за добронамерни пропсти.Смета дека опзицијата е некој што најмалку треба да говори за слободата.
„Погледнете наназад ќе ги видите истите нивни кампањи и во периодот помеѓу 1998 и 2002 година. Буквално истите. Пред некое време ми донесоа и изјави на Црвенковски од тоа време, како и кампањи на невладините на Сорос, и не ми се веруваше, комплетно истите изјави, истиет активности, истите обвинување за немање демократија и слобода. И тогаш немало демократија. Зошто? Затоа што тие тогаш не беа на власт. Најголема демократија има кога СДСМ е на власт. Но, сето ова е заради нивното поимање на слободата,. Суштинската разлика меѓу нас не е дали има слобода или нема“, додаде тој.
Според Груевски ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ различно ја разбираат суштината на слободата.
„Според мнозинството на граѓаните, опозицијата заедно со цел свој невладин и медиумски оркестар е таа која со самото свое делување докажува дека во оваа држава има и вишок слобода и демократија. Но, за да се говори на оваа тема добро е да се видат општите параметри кои ја дефинираат слободата, а клучниот е – Слободата е сила. Сила или право, да се делува и размислува како што секој поединец сака и избира, без пречки или воздржувања, или пак било какви попречувања. Тоа е слободата“, потенцираше Груевски.
Според него не е точно дека иновациите се привлегија на богатите, туку дека со иновации се станува богат. Како пример тој ја наведе Израел, земја со најголем број на иновации.
„Таму некое момче наместо да протестира пред Министерството за образование и да игра фризби, прави некаква иновација која се обидува да ја продаде. Владата
одвои 8 милиони евра за Фондот за иновации и се плашам дека ќе остана неискористени. Потребни се осмислени идеи, а не само пуста желба“, рече Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум
Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од предизборниот митинг во Струга.
Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина, додаде Ковачевски.
Претседателот на СДСМ нагласи дека ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор.
-Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската Унија за сѐ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ, дециден беше Ковачевски.
„Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг во Струга.
Македонија
(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето
„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното. Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате! Можеби така го замислува претседателот ветото! Јас не знам како го замислува! Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува! А мислам дека и вие треба вето да му ставите“, рече Горданa Силјановска -Давкова.
„Ние кога го критикуваме ДУИ, не ги критикуваме албанците. Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот!
Мислам дека најважната битка што мора да почне на 24-ти, а да биде потврдена со најголема можна брзина во иднина, е бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот! Корупцијата и криминалот немаат никаков етнички или религиозен предзнак! Не!
Меѓутоа, ни економија, ни образование, ниту култура, ни земјоделие, не може да се развиваат без правна држава во која сите ќе бидат под Уставот и законите! Во која нема да има селективно судство, ниту несанкционирање на потезите на многу други оти веќе бегање нема!
Во последниот извештај на Фридом хаус до нас е упатена порака: – Крајно време е да престанеме да бидеме хибриден режим кој се врти во корупцијата и криминалот! Крајно време е стручноста и компетентноста да бидат важечките критериуми за влез во било која професија, за било која функција! Така не само што ќе ги задржиме најупешните и ќе ги охрабриме младите да останат тука, туку ќе се знае дека кој и да дојде на власт, државата ќе функционира. Оваа држава не функционира како правна држава!
Тука и претседалот има улога, јасно ви е. Поминаа многу закони на кои мораше да им стави вето. Еден од најстрашните е оној за измени на Кривичниот законик! Значи, тој стана соученик во стимулирањето на криминалот. Зошто? Затоа што измислуваше најразлични аргументации зошто измените се добри, па споредуваше со Германија и слично. Но, факт е дека обезбедија со тој ужасен закон, всушност легализација на корупцијата и криминалот. Односно, обезбедија заштита на корумпираните и на криминалците. Ние тоа нема да го дозволиме! На ниту едно ниво, во ниту една институција. Оти силните институции, процедурата и санкционирањето се гаранција не само за демократска, туку и за правна држава. Таквите држави се европски држави, а не државите што тие ги нарекуваат европски, како нашата. Не е европска нашата држава!
Но, верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите на Македонија како европска држава! Стандардна држава!“, изјави Горданa Силјановска -Давкова.
Македонија
Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Шуто Оризари порача дека Македонија, како мултиетничка земја, може да просперира и да оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници.
„Ромите за мене се еднакви како и сите останати граѓани. Јас не ги разликувам луѓето по нивната верска или етничка припадност. Кај мене можел да дојде секој што ќе посака, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин или Ром, дури и ако не гласал за мене,“ истакна Пендаровски и додаде дека во нашата земја има врвни интелектуалци Роми кои придонесуваат за развој на нашата заедничка татковина.
Во насока на афирмација и поголема видливост на Ромите во општеството Пендаровски посочи дека во рамки на неговиот тим како претседател има советничка која ги адресира проблемите и предизвиците на Ромите.
„Секогаш кога некој бара помош од мене, помагам во рамки на моите надлежности, но и надвор од нив. Се јавувам кај пријатели, пратеници, доктори. Мора да бидеме солидарни и да им помагаме на послабите, на маргинализираните”, заклучи Пендаровски.