Македонија
Хелсиншки:Затворениците во Куманово користат фекална вода
Затворениците во затворот Куманово употребуваат фекална вода, предупредуваат од Хелсиншкиот комитет на Македонија.
Во затворот, кој беше пуштен во употреба минатата 2013 година, според осудениците, се случувало да нема вода од два до три дена, а топла вода воопшто немало.Како што информираат од Комитетот, во затворот нема ниту систем за водоснабдување, ниту санитарна инфраструктура за отпадни води. Водата која се користи за пиење, готвење, перење и капење се носи со цистерни. Според информациите добиени од осудените лица и жителите кои живеат во околината на затворот, бунарот од кој се црпе водата се наоѓа во село Градиште, Куманово. Од Хелсиншкиот комитет го пронашле бунарот и обезбедиле примерок од водата којшто го дале да се испитува во Институтот за јавно здравје во Скопје. Во извештајот од Институтот е наведено дека „Испитаниот примерок сирова вода за пиење не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број бактерии“. Во извештајот било наведено дека водата е фекално загадена, како и тоа дека постои зголемена електролитска спроводливост. Во октомври 2014 година го посетиле и семејството кое живее во непосредна близина на затворот, а за кое еден медиум објави дека се соочува со поплавување на својот дом и двориште од фекалните води кои се испуштаат од затворот.Ѕидовите на куќата на семејството биле поплавени од темелите па сè до висина од два метра. Поплавен бил и нивниот двор и градина, а во околината се ширела непријатна миризба. Семејството престанало водата да ја користи за пиење, но ја користи за напојување на домашните животни кои ги одгледува. И покрај тоа што семејството се обратило до надлежните органи, како што соопштуваат од Хелсиншки, од нивна страна или воопшто не било одговорено или се прогласиле за ненадлежни. И примерокот од водата што бил земен од приватниот бунар на семејството покажал дека водата не е за пиење. Поради ваквата состојба, Комитетот ги повикува судиите за извршување на санкции, Управата за извршување на санкциите, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Народниот правобранител итно да постапат во согласност со своите надлежности и да го спречат можното ширење на заразни болести и загадувањето на животната средина во затворот и неговата околина. Оттаму најавија дека неделава ќе се обратат со допис до сите наведени институции во кој ќе бидат содржани повредите на соодветните законските одредби, извештаите од испитаната вода и слики од влијанието на фекалната вода која се испушта во природата и приватните имоти околу затворот.Околу 300 осудени лица во затворот се пожалиле дека немаат никакви активности, нефункционалност на засебните простории, како што се берберницата, салата за верски обреди, училницата, библиотеката./крај/со/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.