Контакт

Македонија

Хоџа до граѓанските организации: Да работиме заедно за вистински зелен пресврт

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на денешната Национална конференција за природа, каде истакна дека заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси.

„Да работиме заедно за вистински зелен пресврт“, порача тој, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Во своето обраќање, Хоџа стави фокус на новиот Закон за природа, кој овој месец се објавува на ЕНЕР и упати повик до сите организации активно да учествуваат во јавната расправа. Според него, потребно е знаењето од терен за да се создаде систем што трајно ќе ги штити природните вредности и биодиверзитетот.

Министерот истакна дека се работи на повеќе повеќе фронтови за заштита на природата. Се усогласуваат законите со ЕУ директивите за живеалишта и птици. Се развива мрежата Натура 2000 и се прогласуваат нови заштитени подрачја. Во подготовка е новата стратегија за биодиверзитет, а преку BIOFIN се работи на стабилно финансирање. Паралелно, се воспоставува регионален систем за отпад кој ќе стави крај на дивите депонии во природа. ”Целта е јасна – одржлив траен систем, не привремени решенија”, заклучи Хоџа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Петрушевски: Официјална Софија и Филипче зборуваат со ист речник – но едните ги бранат своите, а другиот нивните интереси

Објавено пред

Венко Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“, коментира пратеникот Бране Петрушевски.

„Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДС дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа.

Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник и со исти тези. Разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални позиции.

Со ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе оди кон Европа само исправена, достоинствена и со зачуван идентитет, а не понижена и на колена како што ја остави СДС“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем

Објавено пред

Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем – од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега, истакна министерот за здравство Азир Алиу на свечената академија во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Во обраќањето тој ја нагласи и заложбата за континуирано унапредување на условите за работа, професионален развој и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи.

Воедно, упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за пациентите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Објавено пред

Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието, најавувајќи, како што се наведува, „нова, посериозна и поодлучна фаза“ во борбата против нелегалното коцкање и неговото влијание врз младите.

Како што истакна портпаролката, Венера Азизи, фокусот на законот е ставен на заштита на децата, младите и семејствата, преку значително построги правила за рекламирање и локација на објектите за игри на среќа.

Со новите решенија се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има за цел да поттикнува учество во игри на среќа, како и пораки кои коцкањето го прикажуваат како начин за финансиски успех или решение на животни проблеми. Дополнително, се забранува и рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници.

Една од клучните мерки е и воведувањето минимална оддалеченост од 500 метри меѓу објектите за игри на среќа и основните и средните училишта.

„Со законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа“, истакна Азизи.

Паралелно, институциите информираат дека се засилуваат и мерките против нелегалното онлајн коцкање, при што досега се затворени 358 нелегални странски платформи кои, како што се наведува, работеле без лиценца и без контрола.

Од Владата порачаа дека ќе продолжат со засилени контроли и законски мерки, со цел воспоставување „одговорен и контролиран систем“ и поголема заштита на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 секунди

Ројтерс: Саудиска Арабија тајно извршила напади врз Иран

Саудиска Арабија извршила серија претходно неоткриени напади врз Иран како одмазда за нападите врз Кралството за време на војната на...

Свет37 минути

Велика Британија испраќа воен брод и борбени авиони во Ормускиот теснец

Велика Британија ќе испрати опрема за автономни мини-мерки, борбени авиони „Тајфун“ и воениот брод „ХМС Драгон“ во мултинационалната одбранбена мисија...

Македонија41 минута

Петрушевски: Официјална Софија и Филипче зборуваат со ист речник – но едните ги бранат своите, а другиот нивните интереси

Венко Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“, коментира пратеникот Бране...

Црна хроника50 минути

Притвор за раководител на образовен центар во Штип: Осомничен дека подолг период допирал малолетни ученички

Раководител на образовен центар во Штип е приведен и му е одреден 30-дневен притвор, откако бил осомничен дека подолг период...

Македонија1 час

Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем

Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството...

Македонија2 часа

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, кој ќе биде испратен до...

Свет2 часа

СЗО: Се очекува раст на случаите на хантравирус

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека се очекува зголемување на бројот на случаи на...

Забава2 часа

Хороскопски знаци на кои не им се допаѓа Евровизија

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да се пронајдат во евровизискиот хаос и спектакл, па го гледаат на сосема поинаков...

Забава3 часа

Пет земји ја бојкотираат Евровизија оваа година

Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, во салата Wiener Stadthalle....