Контакт

Македонија

ИЈЗ со препораки за лицата над 65 години: Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот, не вклучувајте шпорет од 13 до 17 часот

Објавено пред

Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита од топлото време за лицата над 65 години.

Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението.

Зошто?

Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз нормалните реакции на организмот на топлина.

Што треба да направат лицата над 65 години?

Почитувајте ги мерките и препораките за заштита од високи температури наменети за општата популација и обрнете особено внимание на следните препораки:

Избегнувајте изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот.

Носете лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод. При изложување на сонце користете средство за заштита од сонце со заштитен фактор (SPF) 30 или повисок.

Внесувајте доволно течности и не чекајте да почувствувате жед за да пиете вода. Избегнувајте алкохолни пијалаци и ограничете го внесот на пијалаци што содржат кофеин. Доколку вашиот лекар ви го ограничил внесот на течности поради одредена здравствена состојба, консултирајте се со него за количеството течности што треба да го внесувате за време на топлото време.

Одржувајте пријатна температура во домот и избегнувајте негово дополнително загревање. Во текот на денот користете ролетни, завеси или други начини за заштита од директна сончева светлина, а просториите проветрувајте кога надворешната температура е пониска. Доколку користите уред за климатизација, избегнувајте прекумерно разладување на просторијата и нагли температурни промени. Избегнувајте користење шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот.

Разладувајте го телото. Туширајте се со млака или посвежа вода, користете влажни крпи и престојувајте во најладниот дел од домот или во климатизирана просторија, доколку е достапна.

Доколку имате хронично заболување, особено внимателно почитувајте ги препораките и редовно земајте ја пропишаната терапија. Не ја менувајте и не ја прекинувајте терапијата без консултација со лекар. При промена или влошување на здравствената состојба, задолжително консултирајте го вашиот избран (матичен) лекар.

Одржувајте редовен контакт со членовите на семејството, пријателите и соседите. Доколку живеете сами, особено е важно во периоди на високи температури да одржувате редовна комуникација со блиските лица, со цел навремено препознавање на евентуални промени во здравствената состојба и обезбедување помош доколку е потребно.

Најново

Спорт1 час

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт1 час

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет2 часа

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт2 часа

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија2 часа

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет2 часа

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија3 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија3 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет3 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...