Контакт

Македонија

„Инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година, СДС ова не може да го поднесе и шири лаги и паника меѓу граѓаните“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„СДС на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на лаги и хистерија. Очигледно тоа е резултатот кога ова раководство на СДС не може да се помири со реалната ситуација во државата. И во период на една од најголемите светски кризи на Блискиот Исток, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги задржа цените на нафтените деривати на најниско ниво од земјите во регионот, а има и доволно нафтени деривати и од соседните држави доаѓаат по гориво во Македонија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Дополнително и состојбата со цените е стабилна. Според Државниот завод за статистка инфлацијата во континуитет се намалува и сега изнесува 2,3 проценти. За разлика од периодот на владата на СДС, кога инфлацијата беше високи 16 проценти.

За почетокот на учебната година пак се донесени посебни мерки. Одлуката на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги обврзува трговците на големо да ги намалат цените за најмалку 10 проценти, а во малопродажба да се намалат најмалку 15 отсто. И мерката опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците ранци, тетратки, блокови, моливи, пенкала, боици, пластелин и слично.

Состојбата во Македонија говори само едно, инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година. И секако дека СДС сето ова не може да го поднесе. Очигледно единствено на што се сетиле е продолжување на серијата ширење лаги и паника меѓу населението“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Македонија17 секунди

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија13 минути

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија25 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа25 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет32 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава39 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија49 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија50 минути

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...

Забава51 минута

Прецизен список на намирници што помагаат во согорувањето на маснотиите: Ќе слабеете полесно

Ако под „храна што согорува масти“ подразбираме намирници што согоруваат калории без никаков напор од наша страна, тогаш мора да...