Контакт

Македонија

Институциите со координиран и засилен одговор против ширењето на сипаниците кај овците и козите

Објавено пред

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и непосредна координација, додека надлежните служби секојдневно ги анализираат податоците од засегнатите региони, ефектите од спроведените мерки и потребата од дополнително постапување.

Системот за рано откривање и сузбивање на болеста се спроведува преку ветеринарните друштва со кои АХВ има склучено договори за извршување активности од јавен интерес. По секоја пријава за сомнителен случај, официјалните ветеринари земаат крв и брисеви од животните и ги доставуваат на лабораториско испитување. Доколку се потврди присуство на вирусот, директорот на АХВ донесува решение со кое се определуваат контролните и заштитните мерки во засегнатото одгледувалиште, вклучително и евтаназија на животните и нивно нештетно отстранување со закопување на одобрена локација.

Паралелно со спроведувањето на контролните мерки, од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества. Експертската група при АХВ редовно се состанува, ја разгледува епидемиолошката слика и ги утврдува понатамошните мерки за ограничување на болеста. Повторно е побарана и стручна поддршка од тимот EUVET на Европската комисија. Пред примената, вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе започне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на АХВ.

Министерството и АХВ ги предупредуваат сточарите дека самостојното набавување и применување вакцина, на сопствен трошок и без претходно одобрение од Агенцијата, ќе биде санкционирано согласно важечките прописи. Во таков случај, сопственикот нема да има право на компензација за заболените животни, ниту на обесштетување за животните одземени заради сузбивање и искоренување на болеста. Неконтролираната примена на вакцини може да го отежне епидемиолошкото следење, да ја намали ефикасноста на преземените мерки и да создаде дополнителен ризик за стадата. Поради тоа, вакцинирањето може да го вршат единствено овластени ветеринарни служби, според официјален план и под непосреден надзор на АХВ, соопштуваат од МЗШВ.

Најново

Спорт16 минути

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт25 минути

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет28 минути

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт37 минути

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија43 минути

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет48 минути

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија2 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет2 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...