Контакт

Македонија

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Објавено пред

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, објави дека од Министерството за социјална политика, демографија и млади добил „скандалозен и срамен одговор на пратеничко прашање поврзано со доцнењето на исплатите на надоместокот за породилно отсуство“.

Во официјалниот допис од Министерството се наведува дека институцијата „не е надлежна за ова прашање“, по што Исмаил е упатен своето прашање да го достави „до надлежна институција“.

„Каква е реакцијата на институцијата која во своето име ја носи ‘демографијата’ и чија основна задача е социјалната заштита? Класично бирократско префрлање на топката“, реагира Исмаил.

„Министерството за социјална политика има генерална надлежност за заштита на социјалните и работничките права, особено на мајките и новороденчињата. Доколку погледнете во основачките и базични документи за Министерството, самото Министерство наведува дека во неговиот делокруг се социјалната политика, односите меѓу родителите и децата, семејството и децата, заштитата на децата и жените, како и надзорот од негова надлежност“, потенцира пратеникот од Левица.

Тој посочува дека е точно оти исплатата на надоместокот, односно финансиската реализација, оди преку Фондот за здравствено осигурување, но нагласува дека тоа не значи оти Министерството за социјална политика може целосно да се дистанцира од проблем што непосредно ги засега мајките, семејствата и нивната социјална сигурност.

„Јас како пратеник немам деловничко право да поставувам пратенички прашања директно до ФЗОМ и УЈП, затоа се обраќам до вас, креаторите на политиките. Прашање за ова е упатено и до Министерството за здравство, но овој однос на Министерството за социјална политика е недозволив“, истакнува Исмаил.

Пратеникот од Левица реагира и на фактот што токму Министерството кое во својот назив ја има демографијата се прогласува за ненадлежно кога станува збор за проблем што ги засега породилките. „Изгледа дека за вас ‘демографија’ е само збор на таблата пред Министерството и пазарџиска категорија во изјавите на министерката за образование“, порача тој.

Според Исмаил, одговорен министер не треба да се задоволи со констатација дека институцијата формално не ја врши исплатата, туку да иницира координација меѓу надлежните органи, да го отвори проблемот пред Владата или, доколку е потребно, да предложи системски и законски решенија.

„Мајките не смеат да бидат жртви на вашата некомпетентност, мрзеливост и институционална дискординација. Потребно е системско решение, а не бирократски изговори“, порача пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава5 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава5 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија5 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава5 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...