Контакт

Македонија

Исмаил: За Изборниот законик немаше консензус – во последен момент е вметнат член што предвидува казни до 8.000 евра за објави на социјалните мрежи

Објавено пред

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени.

Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било дискутирано, а уште помалку постигнато согласност меѓу учесниците во работната група:

„Како еден од учесниците во работната група за Изборниот законик во Министерството за правда, сакам да појаснам неколку работи во врска со процесот.

Прво, предлозите кои требаше да бидат дел од предложените измени требаше да бидат составени само од оние решенија за кои постоеше консензус. Не само што немаше консензус за електронското гласање на дијаспората, туку немаше консензус ниту за скандалозниот нов член 76-ѓ, кој можете да го видите во прилог на овој пост, а кој буквално воспоставува механизам на власта за цензура на социјалните мрежи – оти медиумите веќе им се во џеб па сега остана ефективно да се одбранат од критиката на социјалните мрежи. Замислете, за сите овие декларативности кои ги гледате во овој член се предвидени глоби од по 8.000 евра?!

Второ, условно кажано, работната група работеше без јасна референца за тоа што е издржано, а што не: без трети страни, експерти или независна стручна верификација во процесот. Тоа ги доведе партиите кои и онака се дискриминирани со старите решенија во уште поподредена положба, бидејќи не можеа ефективно да се спротивстават на уцените од страна на оние кои веќе си го делат колачот. За кој било предлог, колку и да приложиш рационални, логични и издржани аргументи, едноставно доаѓаш до ѕид кој ти вели: „Ако ти одговара добро, ако не ќе остане по старо.“

Инаку, процесот го водеше министерот за правда како модератор, кој, верувам повеќето знаат, е кадар на третиот партнер во власта – ЗНАМ. Тоа е партија која исто така има пратеничка група во Собранието, а која согласно старите одредби на Изборниот законик е исклучена од средствата за платено политичко рекламирање (ППР).

Е арно, ама видете што се случи.

Првичната драфт-верзија на Изборниот законик, која беше доставена до споменатата работна група од страна на Министерството со кое раководи кадар на ЗНАМ, и во која беа вградени предлог-измени согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, требаше да биде почетна точка за работата на работната група. Но замислете, во делот за распределба на средствата за ППР, спротивно на забелешката на ОБСЕ/ОДИХР, Министерот повторно не ја предвидел третата партија со пратеничка група!?

Тоа само ви кажува каква улога има ЗНАМ во власта: маша… за правење каша!” – напиша тој.

Најново

Свет3 часа

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш во животот не сум го почувствувал ова“, „Како бомба“

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко погодени од земјотресот, сведоците пријавија широко распространето уништување. Таксистот Хорхе Монкајо (64) рече...

Забава3 часа

Додека спиете – заработката пристигнува, но само за припадниците на овие четири хороскопски знаци

Само четири хороскопски знаци ќе доживеат вистински просперитет до крајот на 2026 година, а доколку донесат мудри одлуки, нивното богатство...

Забава3 часа

Иванка Трамп се пофали со фотографии од одморот на Исланд, потсмевот не престанува

Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор во Исланд, а објавата предизвика низа коментари со доза на потсмев на социјалните...

Забава3 часа

Како ефикасно да отстраните дамки од кафе или чај од шолја? Нема да ви бидат потребни агресивни производи

Кафето и чајот се омилени пијалоци за многумина, особено во постудените денови. Сепак, колку почесто ги пиеме од истата шолја,...

Свет4 часа

Бројот на загинати во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку...

Свет5 часа

Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот

Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина. „Драга Колумбија, моите мисли...

Европа5 часа

(Видео) Пожарите повторно беснеат во Шпанија

Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денеска се прошири надвор од контролата на пожарникарите, соопштија регионалните власти, додека високите температури...

Свет6 часа

Зеленски: Сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени во катастрофалниот земјотрес во Колумбија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Нашето сочувство...

Свет6 часа

Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Соединетите Американски Држави...