Македонија
Иванов: Нападите во Париз ќе имаат влијание врз бегалската криза
Претседателот Ѓорге Иванов, за сабота вечер свика седница на Советот за безбедност во проширен состав, поради состојбата по нападите во Париз, каде загинаа 128 лица, а повеќе од 200 се повредени.
Терористичките напади во Париз, според Иванов ќе имаат реакција и врз бегалската криза.
„Гледаме утрово веќе многу земји имаат сосем поинаков пристап и кон прашањата за бегалците и прашањето за безбедноста и терористичките закани, затоа што може да се очекува веројатно и на други места слични терористички акти какви што беа синоќа во Париз. Така што, во сите земји на целиот континент безбедноста во овој момент е подигната, тоа го правиме и ние“, изјави Иванов по неговата посета на јужната граница, каде во Македонија влегуваат бегалци на пат за Европа.
Затоа, додаде претседателот Иванов го свикуваме Советот за безбедност, за да се разгледаат активностите кои ни претстојат, и сите актуелните настани кои се случуваат.
„Веќе за вечерва во план е свикување на Советот за безбедност, за да ја имаме на увид оваа состојба која ни ја укажа Армијата. Станува збор за повеќе од 8.500 лица кои излегуваат надвор од спомената кота 59“, изјави Иванов.
„Армијата веќе аларамира дека има се повеќе лица кои излегуваат од ’Котата 59’ и илегално преминуваат на премини кои не се одбележани. Тоа ќе подразбира преземање посебни мерки од страна на АРМ со цел да се насочуваат тие лица кои избегнуваат да бидат регистрирани. Штом избегнуваат да бидат регистрирани тоа дава основано сомневање дека станува збор за лица, кои секако, немаат добри намери“, изјави денеска претседателот Ѓорче Иванов. Одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија ќе гради бегалски кампови претседателот Иванов појасни дека неговиот став што го пренел и на самитот во Брисел, е дека Македонија има капацитет за 1.500 лица на југот, кои би транзитирале, и за уште 500 лица на север каде би излегувале.
„Македонија нема да гради бегалски кампови, туку остануваме транзитна зона. Сите овие настани кои денес и вчера се случуваат, ќе ги променат политиките на земјите-членки на ЕУ, затоа што очигледно е дека коридорот кој го отворија бегалците, сега го користат мигрантите, но и странски терористички борци. Јас лично барав ФРОНТЕКС да се распореди на грчко – македонската граница бидејќи тоа е европска граница, и да ги евидентира оние кои излегуваат од ЕУ. Одговорот беше дека тоа се уште е чувствително прашање и има негативна атмосфера меѓу јавноста во Грција. Меѓутоа очигледно е дека Грција не сака да евидентира кој излегува од нејзината територија“, рече претседателот Иванов.
На прашањето што од договорот на Самитот во Брисел досега е спроведено, претседателот Иванов изјави дека досега Македонија добила само 90.000 евра помош од ЦК на Италија за нашиот Центар за кризи.
„Италија најави дека сега ќе ни помогне со стотици илјади евра, но онаа најавена помош од ЕУ, уште не сум информиран од надлежните институции дека е добиена. Оправдувањето е дека се работи за бирократски процедури, меѓутоа нам ни е сега неопходна помошта и јавно сите податоци се изнесени дека ангажирањето на армијата и полицијата за обезбедување на премини и насочување кон Кота 59 ја чини нашата држава по еден милион евра месечно, без да се земат предвид сите трошоци кои ги имаат хуманитарните организации, ЦК, НВО-и, бидејќи на тие луѓе им е неопходна и медицинска помош, храна, вода, бидејќи има се поголем број на деца кои патуваат без родители, тоа бара извонредни напори и ангажмани, меѓутоа како што сум информиран, помошта досега се уште не е добиена“, рече Иванов.
Запрашан што ќе прави Македонија, по најавите од одредени земји за затворање на границите, македонскиот претседател изјави дека станува збор за контролирано насочување на бегалците кон пунктови, каде треба да бидат регистрирани, а не за затварање на границата. Иванов додаде дека поради оваа нова појава која и кај нас е присутна, а тоа е бегалците да не одат на оние пунктови каде треба да се регистрираат и организирано да се транспортираат, секоја земја си презема свои мерки.
„Во таа функција е и ова извидување што го имаме со армијата деновиве, да ги видиме сите тие порозни места во кои влегуваат во нашата држава мигранти надвор од точката, и армијата заедно со полицијата ќе ни предложат кои мерки да бидат преземени. Управувачкиот комитет ќе одржи седница за овие прашања, состојбата се следи, надлежните институции си ги одржуваат сите свои надлежности според Законот за справување со кризи, бидејќи Македонија е единствена земја што воведе кризна состојба и ние имаме кризно подрачје каде важат посебни активности и посебни мерки кои ги преземаат надлежните институции“, појасни македонскиот претседател.
Претседателот Иванов денеска беше во обиколка и увид на извршувањето на редовните задачи на силите на армијата во подрачјето зафатено со кризна состојба. Македонскиот претседател ја посети јужната гранична линија кај Дојран, Гевгелија и прифатниот центар за мигрантите./крај/миа/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче
Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче.
Од МВР информираа дека вториот приведен е В.Т.(36) од Скопје.
Претходно Обвинителството објави дека приведен е 26-годишен скопјанец кој учествувал во кражбата.
Со тоа, двајцата се сомничат дека на 1 април провалиле во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
ОД МВР информираа дека судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор.
Македонија
Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари
„Просечната пензија ќе биде 30.000 денари, што е зголемување од скоро 9.000 денари или над 40% до 2028 година. Овие покачувања ќе се случат како резултат на новата методологија за пресметка на пензиите која оваа Влада ја воведе со измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На овие покачувања, новата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди и новогодишен пакет од 6.000 денари за секој пензионер“, изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.
Зброувајќи за зголемување на минималната пензија, Битиќи истакна дека во следниот мандат истата ќе се зголеми на ниво од 20.000 денари, што би било зголемување од 45% до 2028 година.
Битиќи посочи дека во изборната програма предвидено е и енергетски додаток во износ од 1.500 денари за секој пензионер во периодот од октомври до март, односно во времетраење на грејната сезона, со што, како што рече тој, ќе го заштитиме стандардот на нашите највозрасни сограѓани.
„Ова значи дека секој наш пензионер ќе добива по 15.000 денари дополнително годишно, надвор од редовното покачување на пензијата која му следува по закон“, рече Битиќи.
Тој потсети дека минималната пензија во 2016 година изнесуваше 8.900 денари и истата е зголемена за 5.000 денари, и сега изнесува 13.900 денари, што е зголемување за 55% за период од седум ипол години.
„Просечната пензија која во 2016 година изнесуваше 13.800 денари, ја покачивме за 7.600 денари и сега таа изнесува 21.400 денари, или тоа е раст од 55%“, рече Битиќи и истакна овие достоинствени покачувања на пензиите се постигнати и ќе продолжат да се постигнуваат со домаќинско менаџирање со фондот за ПИОМ.
„Тотална спротивност се празните ветувања на ВМРО кое свесно им ветува зголемување од 5.000 денари, кое никогаш нема да се случи, затоа што ни самиот фонд за ПИОМ, ниту централниот буџет може да го понесе товарот од дополнителни 330 милиони евра годишно, за да се оствари ова ветување“, рече Битиќи, притоа порачувајќи дека „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ носи напред, домаќински раководи со државниот буџет и се грижи за сите граѓани.
„Пензионерите да се мирни, бидејќи ние мислиме за нивниот удобен и достоинствен живот“, порача од пред пензионерскиот дом во Чаир Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, на „Коалицијата за европска иднина“.
Македонија
Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард
„СДСМ се грижи за сите граѓани, особено за пензионерите. Преку конкретни политики обезбедивме економска сигурност и подобрен животен стандард. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50 проценти, обезбедивме континуиран раст на пензиите. Го стабилизиравме Пензинскиот фонд, обезбедивме сигурност“, изјави Јован Митрески, носител во ИЕ 5 од Коалицијата за европска Македонија, предводена од СДСМ.
Тој додаде дека во време на Ковид кризата пензиите беа исплаќани и предвреме со цел да се заштити здравјето на пензионерите. Во таа насока, нагласи Митрески, зајакнат е здравствениот сикстем, реновирани се повеќе клиники и ургентни центри низ државата, а 80 проценти од градежните зафати од реконструкцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ се завршени.
„Во новиот мандат гарантираме минимална пензија од најмалку 20.000 денари, а просечната ќе достигне 30.000 денари. Ќе воведеме енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март, како и зимски регрес за пензионерите, во износ од 3.000 до 6.000 денари. Највисока поддршка ќе има за пензионерите со пониски пензии“, изјави Митрески и додаде дека ќе се градат и нови домови за стари лица.
Митрески истакна дека ни треба системски пристап, мерки кои се одржливи и кои даваат резултати, а не популистички и наменски решенија, кои само го уриваат системот.
Тој ги повика граѓаните на 24 април и на 8 мај да ја поддржат Коалицијата за европска Македонија, предводена од СДСМ која има План има визија и знае како.