Македонија
Иванов во Рим: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот
Меѓурелигискиот дијалог за кој се залагаме има цел почитување, а не надминување на различноста. Бидејќи целта на дијалог е да ни помогне да живееме со нашите најдлабоки религиски разлики, без да ги занемаруваме или надминуваме тие разлики, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вторник во Рим, каде учествува на седмиот Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет.
Пред своето обраќање на конференцијата чија тема е „Одговор на радикализацијата и екстремизмот преку меѓурелигиски дијалог“, претседателот Иванов оствари средба со претседателот на италијанскиот Сенат, Пјетро Грасо. Македонскиот претседател во обраќање истакна дека доколку сакаме да имаме мир во светот мора да градиме соживот, односно заемно да се почитуваме и да ги прифаќаме своите различности. Иванов порача дека преку искрен дијалог треба да се запознаваме и да го почитуваме различниот. „Наместо да се придвижиме кон поголема отвореност, кон унапредување на човековите права и слободи ние, во втората деценија на XXI век, се враќаме два чекора наназад. Во страв и затвореност, кои носат уште подлабоки поделби и уште поголем страв“, истакна македонскиот претседател, додавајќи дека обединета Европа денес има повеќе ѕидови отколку што поделена Европа имаше за време на Студената војна. Како причина за ваквата состојба Иванов ги наведе злоупотребата на религијата, двојните стандарди, игнорирањето на меѓународното право, како и глобалниот напредок.Интеграцијата со асимилација, сиромаштијата и отсуството на подлабоко значење и припадност кон западниот свет, Иванов ги посочи како три главни причини за современиот радикализам и екстремизам. Она што го отежнува меѓурелигскиот дијалог, рече Иванов, е злоупотребата на религијата од страна на државните актери кои ја користат нејзината моќ за да издејствуваат прифаќање на нивните позиции. „Наспроти нашите залагања за единство во различноста стојат оние кои сакаат единство преку еднообразност. Нетрпеливоста, ксенофобијата и исклучивоста во светот се многукратно зголемени. Оттука, и потребата за дијалог е многукратно поголема“, порача македонскиот претседател. Македонскиот претседател истакна наместо да се обидуваме различните религии да ги вметнеме во рамка што сами сме ја конструирале, многу подобро е да оставиме простор за слобода на изразувањето на различноста, во кој ќе градиме взаемна доверба како еднакви според правата и должностите. „Во Македонија имаме вековен соживот меѓу христијаните, муслиманите и Евреите. И тоа не ги направи христијаните помалку христијани, муслиманите помалку муслимани, ниту пак Евреите помалку Евреи. Напротив, сите станаа побогати со тоа искуство„ истакна Иванов посочувајќи ги активностите на Македонија на полето на меѓурелигискиот дијалог на регионален и меѓународен план.Во тој контекст Иванов посочи дека Македонија годинава ќе биде домаќин на четвртата Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Покрај македонскиот претседател на конференцијата во Рим учествуваат бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев, поранешниот претседател на Италија, Џорџо Наполитано, поранешниот министер за надворешни, Франко Фратини, како и поранешните претседатели на Романија, Емил Константинеску, на Полска, Бронислав Коморовски, на Хрватска, Иво Јосиповиќ и на Србија, Борис Тадиќ. Вечерва македонскиот претседател ќе присуствува на приемот кој за учесниците на конференцијата го приредува претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела. На претседателот Иванов ќе му биде врачено посебно признание од страна на копретседателите на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, г-ѓа Ваира Вике-Фреиберга и Исмаил Серагелдин. Учеството на претседателот Иванов на овие настани е резултат на неговата посветеност во остварувањето на целите на Алијансата на Цивилизациите на Обединетите нации како и на одличната соработка со Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и Италијанското Друштво за меѓународни организации – Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет. Претходно македонскиот претседател има учествувано на конференциите во Баку, Софија и Рим./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Николоски: Како носител на ИЕ 4 за мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно
Денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава, понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
„За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката. Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ“, кажа тој.
Додаде дека е среќен како носител во ИЕ 4 што имаат победа во Струмица.
„Тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад“, рече Николоски.
Македонија
Стојчевски: Родена е третата политичка сила во македонскиот политички блок
Даниел Стојчевски, носителот на листата на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во ИЕ 2 истакна дека е родена третата политичка сила во македонскиот политички блок.
„Граѓаните испратија јасна порака. Изборното востание со својата незапирлива позитивна енергија се шири низ цела Македонија. На граѓаните им е доста од неказнета корупција,неправда,сиромаштија,лажни ветувања и криминална власт. Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,искрено и чесно сме посветени на идејата нашата татковина да ја иградиме како просперитена држава во која обединето живеат среќни граѓани ,и никогаш нема да дозволиме граѓаните да бидат поделени по политичка, етничка или верска припадност“, истакна Стојчевски.
Се заблагодари на подршката на граѓаните и гласот кој го дале за како што рече, просперитетна Македонија.
„Ви благодариме за довербата која ни ја давате, да стигнеме до нашата заедничка цел, да ја видиме Македонија таму каде што заслужува да биде“, посочи тој.
Македонија
Таравари по веста дека имал тајна средба со Ахмети: Тоа е лага, но навикнат сум на понудите на Ахмети и не би било изненадување доколку дојде до мене
Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари ја демантира веста дека вчера тајно се сретнал и добил понуда од претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по резултатите од претседателските избори.
„Со жалење денеска од еден многу сериозен албански медиум дознав дека синоќа се сретнав со господинот Ахмети и други функционери на ДУИ, за да слушнам понуда од господинот Ахмети. Не, не е вистина“, пишува Таравари ан социјалните мрежи.
„Кој ја кажал оваа вест лаже“, додава тој во напишаното.
„Синоќа му честитав на мојот тим и мирно денес продолжуваме со нашата работа кон промена! Навикнат сум на понудите на Ахмети и мислам дека не би било изненадување доколку дојде до мене, но оваа вест е лажна“, потенцира Таравари.