Македонија
Избирачкиот список ќе се заклучи на 19 мај
Конечниот избирачки список, спооред кој ќе се гласа на предвремените парламентарни избори, ќе биде објавен на 25-ти април, соопштуваат од Државната изборна комисија (ДИК), од каде го доставија роковникот за планираните активности во наредниот период, сѐ до одржување на изборите.
Според роковникот, од денот на објавување, односни 25-ти април, па во рок од 15 дена, граѓаните ќе можат да проверат дали се на избирачкиот список или не.Од роковникот се гледа дека и дијаспората ќе учествува на овие избори, затоа што од ДИК бараат пријавувањето за гласање на македонски државјани кои живеат во странство да трае најдоцна до 9-ти мај. Министерството за надворешни работи, пак, во рок од пет дена треба да достави податоци за дипломатите, вработените во дипломатско- конзуларните претставништва. Освен дипломатско–конзуларните претставништва, податоци за вработените во државната, општинската и јавната администрација треба до ДИК да достави и Министерството за информатичко општество и администрација.Избирачкиот список треба да биде заклучен на 19-ти мај, а партиите, пак, своите кандидатски листи ќе треба да ги достават до 11-ти мај. Изборната кампања започнува од 16-ти мај, соопштуваат од ДИК.Според досегашните информации од ДИК, од избирачкиот список ќе бидат избришани 1.135 починати лица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.
Македонија
„Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Пендаровски ја призна конекцијата и комуникацијата со балканскиот мешетар Асаф Еисин и се сокри од јавноста. Го нема со денови да излезе и да даде одговори, дали тој, дали СДС, дали Ковачевски или сите комплет го ангажирале Еисин за консултации“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој скандал е дотолку поголем што постојат сериозни индиции дека овој сомнителен лик е ангажиран за креирање на црната кампања на власта и за тоа според основани сомнежи се плаќа со пари во кеш. Овие црни пари не се водат во ниедна евиденција и се испумпани од криминалните тендери во РЕК Битола.
Надлежните институции треба овој случај детално да го проверат, бидејќи ангажманот на мешетарот Еисин и двете лица кои му помагаат а кои се сместени во еден скопски хотел, не фигурира во ниеден извештај. Доколку актуелните институции не го истражат овој случај, тогаш после промената на власта се ќе биде детално проверено. Време е за промени, а наскоро после тоа ќе дојде и времето за одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.