Контакт

Македонија

Изгореа овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа во Пробиштип

Објавено пред

Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели  командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е пријавен вчера во 11 часот во атарот на село Неокази, каде што горела нива со жито. Но, поради сувата трева и ветерот многу брзо се проширил и зафатил површина на три села.

-Има голема материјална штета, сè уште не е утврдена, значи, висината на штетата, но изгорено има од пожарот земјоделски површини, житни површини, овоштарници, лозја. За жал, во село Бучиште има настрадано и куќа, значи станбен објект, и некои други инфраструктурни како инсталации, така објекти – што бандери, што огради, струјни водови, водоводни водови, и, за жал, и неколку пчеларници. Реков дека штетата сè уште не е утврдена- вели Терзиќ.

Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Терзиќ додава и дека Општината од понеделник ќе се ангажира во делот на прогласување на елементарна непогода и пред сè како што рече „да се охрабрат граѓаните да ги пријават штетите, и да видиме дали како тоа сè преку општината и државата може да се обештетат овие настанати штети“.

-Сè уште не се конечни бројките за површините и конкретно штетите, сè уште е рано да се утврдат, тоа ќе се утврдува во следните неколку дена. Ние можеме само да кажеме дека површина која гореше, тоа се повеќе стотина или не знам точно колку може да процениме, илјадници штети. Имавме ангажман и од Дирекција за заштита и спасување кои ги прати ер-тракторите кои стварно завршија голема работа да се, пред сè, угасат овие површини на житни површини и да се спречи ширењето на пожарот кон населеното место Ратавица. Голема благодарност и до Дирекцијата за заштита и спасување- изјави Терзиќ.

Тој додаде дека од вчера и денеска полицијата и надлежните институции имаат излезено на терен за да утврдат кои се причините за големиот пожар, кој беснееше 10 часа во атарите на селата Неокази, Бучиште и Ратавица.

Во Бучиште целосно е изгорена една куќа, а зафатени се уште неколку домови и објекти. Во гаснењето на овој пожар од земја учествуваа пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Штип, како и Доброволните друштва од Кочани, Пробиштип и Виница и месното население. Дирекцијата за заштита и спасување се вклучи до три ер трактори, за што Терзиќ изразува и голема благодарност до ДЗС и пилотите, како и до сите кои се вклучија во гаснењето на овој пожар.

Најново

Спорт4 часа

Норис по силниот дожд до пол позицијата во Бразил, Расел „жртва“ на тимот

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, 20-та трка од овогодинешното првенство во Формула...

Спорт5 часа

(Видео) „Шумарите“ го декласираа Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити доживеаа голем дебакл во Премиер лигата, воедно го забележаа третиот пораз по ред. Манчестер Сити беше...

Црна хроника5 часа

Скопјанец приведен откако кај него бил пронајден хероин

Скопјанец на 46-годишна возраст е приведен откако при полициски преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи информира...

Црна хроника5 часа

11 пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени осомничени во повеќе градови

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле регистрирани 11 пријави за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Туск по нападот во Краков со шест жртви: Политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков,...

Спорт8 часа

(Видео) Едегор за нова победа на Арсенал, ремизираа Фулам и Њукасл

Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам...

Економија8 часа

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија,...

Спорт8 часа

(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната...

Македонија9 часа

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и...