Контакт

Македонија

Јамалов: Рекордните резултати на МВР во борбата против криминалот и корупцијата се доказ дека интерпелацијата е неоснована

Објавено пред

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека резултатите на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период покажуваат значителен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека поднесената интерпелација нема основа во реалните показатели.

„Кога ќе ги погледнеме резултатите на Министерството за внатрешни работи за 2024, 2025 и 2026 една половина станува јасно дека оваа интерпелација нема допирна точка со реалноста. Во овој период е намален вкупниот криминал, а Бирото за јавна безбедност постигнала вкупна ефикасност од 67%.Истовремено е зголемен бројот на откриени сторители, што покажува дека полицијата не само што реагира туку и успешно ги расчистува кривичните дела. Особено значајни се резултатите во борбата против организираниот криминал. Во изминатиот период се сузбиени повеќе од 30 организирани криминални групи. Ова не се статистики на институцијата која потфрлила. Ова се резултати на институција која директно удира врз криминалните структури“, рече Јамалов.

Тој нагласи дека е зголемен бројот на откриени сторители на кривични дела, што, според него, покажува дека полицијата успешно реагира и ги расчистува случаите. Осврнувајќи се на борбата против корупцијата, Јамалов рече дека се постигнати резултати какви што одамна не биле забележани.

„Во борбата против корупцијата се постигнати резултати, како што одамна не се забележани. Сузбиени се шест организирани криминални групи, а кривично се пријавени 146 физички и 18 правни лица. Откриени случаи на корупција се зголемени за над 45%.Регистрирани се околу 500 кривични дела што претставуваат раст од над 76%, а бројот на пријавени сторители е зголемен за дури 160%. Ова покажува дека денес никој не е недопирлив пред законот“, истакна Јамалов.

Во завршницата од своето обраќање, пратеникот оцени дека интерпелацијата треба да биде инструмент за утврдување одговорност кога нема резултати, а не кога институциите бележат напредок.

„Интерпелацијата треба да биде инструмент за утврдување одговорност кога нема резултати. Но денес пред нас стојат бројки кои покажуваат намален криминал, поголема ефикасност. Повеќе откриени сторители, повеќе сузбиени криминални групи, посилна борба против криминалот и корупцијата, рекордни заплени на дрога и оружје и поголема безбедност за граѓаните. Затоа сметам дека оваа интерпелација не е заснована на факти, туку на политичка потреба да се оспорат резултатите кои се очигледни и видливи. Најсилниот одговор на оваа интерпелација не се зборовите туку резултатите“, порача Јамалов.

Најново

Култура1 минута

Недела на македонската култура во Албанија: полни сали и настапи на повеќе од 70 уметници

Од 3 до 6 септември, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана и директорката Ема Попивода, во Албанија се...

Македонија6 минути

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Во моментот нема алармантни пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека опасноста...

Спорт31 минута

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија39 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура45 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет1 час

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура1 час

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија1 час

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет1 час

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...