Контакт

Македонија

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Објавено пред

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој попладнево беше Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот од петокот, кој, според него, сериозно ја нарушил довербата во полициската служба.

„Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. Доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност“, рече Јанев.

Тој кажа дека внатрешната контрола, со поддршка на колегите од неколку централни оддели во БЈБ, веќе постапува и ги проверува сите околности и инволвирани лица.

Кажа дека секој кај кого ќе се утврди пропуст или вина ќе биде соодветно санкциониран.

Јанев, исто така, кажа дека очекува целосна професионалност и непристрасност во целиот процес.

„Локални шерифи нема да постојат. Никој кој свесно или несовесно дозволил нарушување на законот и службените процедури нема да биде поштеден од одговорност. Искрено, особено за овој регион, мислев дека лекцијата е научена. Но, повторно се соочуваме со постапки кои ја нарушуваат довербата на граѓаните и ја засенуваат работата на мнозинството чесни и професионални полициски службеници. Во тек е темелна проверка и ќе следуваат јасни мерки за секој што го прекршил законот, процедурите или довербата што му е дадена“, рече Јанев.

Тој упати порака дека законот мора да важи еднакво за сите и дека криминалците ќе бидат пронајдени, а секој што помогнал, дозволил или премолчел незаконско постапување ќе сноси одговорност.

Во петокот, осуденик за трговија со дрога избега од полициска станица. МВР денеска распиша меѓународна потерница.

„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Од СДС, пак, обвинија дека Лазаров е пуштен да избега и побараа оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„На наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со „Пулс“, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица, а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега. Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар. Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта“, реагираат од СДСМ.

Најново

Свет40 минути

Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што...

Македонија45 минути

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој...

Црна хроника1 час

Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во...

Македонија2 часа

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест...

Свет2 часа

Врховниот суд пресече: Родителите во САД можат да бараат изземање на децата од ЛГБТ-содржини

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година,...

Свет2 часа

(Видео) Земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес....

Свет2 часа

Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална...

Свет3 часа

Избоден маж на Нов Белград

Маж на 35-годишна возраст тешко е повреден ноќеска откако бил избоден на Нов Белград. Мажот се здобил со убодни рани...

Свет3 часа

(Видео) Не стивнува пожарот на Долги Оток: Избувнаа уште четири пожари кај Задар, пет лица повредени во Омиш се во животна опасност

Пожарникарите во текот на целата ноќ ги бранеа куќите и викендичките од големиот пожар што избувна кај Брбиње на Долги...