Македонија
Јанева: Не спијам мирно ако знам дека некој наш сведок е загрозен
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во интервју за јавниот сервис на Македонската радио телевизија вели дека мирно спие знејќи деа работата ја води законски, но не спие мирно кога ја притискаат роковите или кога знае дека некој сведок на ова Обвинителство е загрозен.
„Мирно спијам што се однесува до тоа како ја водам работата. Сите знаат дека сакам законски и во законски процедури да ја водам мојата работа. Не спијам мирно кога ме притискаат роковите, доколку не ќе можам да ја завршам работата, не спијам мирно додека мислам дека некој наш сведок е загрозен затоа што ни помогнал во нашата работа. Ефикансата правда значи помалку криминал, подобар стандард и побезбедно општество за граѓаните што е мој основен мотив во работењето и што ми обезбедува мирен сон“, изјави Јанева во интервјуто.Таа вели дека Обвинителството се соочува со притисоци и суптилни закани и апелираше Собранието да ги донесе измените во Закнот за заштита сведоците.„Сакам да апелирам преку МТВ дека Закондавниот дом треба да ги донесе измените во Законот за заштита на сведоци. Покрај овие случаи што ги презентиравме на прес-конференциите имаме и други случаи каде мора да имаме инструмент да ги заштитиме нашите сведоци“, вели Јанева.Таа во интервјуто повтори дека Судот незакоснки го одложил судењето во неразумен ро и најави дека лично ќе го презентира вториот извештај на Обвинителството во Собранието и во Советот на јавни обвиниели./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.