Контакт

Македонија

Јаневска: Bо политиките на МОН приоритетни се интересите на децата

Објавено пред

Во 7 години владеење на СДСМ и ДУИ бројот на ученици е намален за 17 илјади. Затоа сега е неопходна оптимизација на училишната мрежа. Имаме многу подрачни училишта со по две-три деца кои ниту се социјализираат, ниту имаат можност да се натпреваруваат со другарчиња, ниту применуваат современа технологија бидејќи во училиштето ја нема. Тие треба да се приклучат кон најблиските поголеми училишта и да имаат поквалитетен воспитно – образовен процес. Тоа е од нивен интерес, а нивните интереси се приоритетни во политиките на МОН. Притоа, потенцирам, ниеден наставник нема да ја изгуби работата.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со оптимизацијата на училишната мрежа и шпекулациите за наводно отпуштање на наставници.

„Во изминатите две години од мандатот на Владата ниту еден наставник не е отпуштен од работа и нема да биде ниту во периодот што следи. На сите им даваме можност да ги надополнат часовите кои им недостасуваат, преку дополнителна работа со талентирани ученици или со ученици кои заостануваат во реализацијата на наставните програми, преку дополнителни наставни и воннаставни активности, водење разни секции и слично“, рече Јаневска.

Ова, како што нагласи, се прави и заради потребата, децата подолго да остануваат на училиште, со оглед дека имаат многу помалку часови од европскиот просек.

„Учениците во Македонија поминуваат 6.816 часа на училиште до 14-годишна возраст, а просекот во земјите членки на ОЕЦД е 7.775 часа. Се бориме да го достигнеме овој процес и нашите ученици да не бидат последни на ПИСА тестирањата.

Одговарајќи на прашање до каде е изградбата на основното училиште во тетовското село Селце, Јаневска рече дека тој објект е изграден во време на претходната Влада, но не целосно, односно не биле предвидени средства за фасада, партерно уредување и поставување на потпорен ѕид на една од страните каде постои ризик од свлечиште.

„Жалам што е така, но ние сме одговорна Влада и ќе го завршиме. За да не се уништуваат вложените средства, како во ФИНКИ и ФФК кои со години пропаѓаа и претходната владина гарнитура не сакаше да ги доизгради“, рече Јаневска.

Најново

Свет50 минути

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет1 час

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава3 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...