Контакт

Македонија

„Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија“, велат од Левица

Објавено пред

„ДПМНЕ деновиве сè погласно зборува за „демографската катастрофа“, наталитетот и „погрешните вредности“ на младите. Причината е едноставна – бројките веќе не можат да се сокријат. На почетокот на новата учебна година Македонија има околу 3.000 првачиња помалку од минатата година, а десетици училишта остануваат без ученици. Додека државата буквално се празни пред нивни очи, ДПМНЕ панично бара некого врз кого ќе ја префрли вината за последиците од политиките кои со децении ги создаваат сите досегашни партии кои ги грееле фотелјите во Влада“, велат од Левица.

„И токму затоа, на првиот ден од учебната година, министерката за образование Весна Јаневска им порача на првачињата да бараат од своите родители да им родат братче или сестриче. Додека клупите остануваат празни затоа што цели семејства ја напуштаат Македонија, министерката задолжена за образованието им држи лекции на шестгодишни деца, кои уште немаат научено да читаат и пишуваат, како тие треба да ја решаваат демографската криза.

Може да се смееме, но ова не е случајна и несмасна изјава на една министерка. На истата прес-конференција, оваа политичка матрица денес ја повтори и Мицкоски, кој намалувањето на бројот на деца во Македонија го поврза со „погрешните вредности“ кои, според него, биле пренесувани преку образовниот систем. Откако Македонија со години останува без млади луѓе, откако илјадници семејства се иселуваат и откако училиштата се празнат, проблемот за ДПМНЕ не е што државата пропаѓа и ниту еден нејзин столб не стои исправено – туку вредностите на оние кои имаат храброст сè уште живеат во неа.

Значи, според Мицкоски, Јаневска и целото ДПМНЕ, не е проблем што млад човек со години учи за потоа да бара работа преку партиска книшка. Не е проблем што имање на сопствен дом станува недостижен сон и со две плати. Не е проблем што јавното здравство пропаѓа, а образованието се претвора во уште една област во која се гледа кој има врска, а кој нема. Не е проблем што КОРУПЦИЈАТА ја изеде секоја институција и ја уништи секоја доверба дека во оваа држава нешто може да се постигне без партија, врски и политичка припадност. Не – проблемот, според ДПМНЕ, е што народот не раѓа доволно.

Македонија не останува без деца затоа што младите одеднаш престанале да сакаат семејства. Македонија останува без деца затоа што останува без млади луѓе. Тие прво заминуваат да студираат, а потоа остануваат таму каде што гледаат можност за нормален живот. Македонските студенти се меѓу најбројните странски студенти во Словенија, Македонија е трета по иселување во регионот, а дури две третини од младите се изјаснила дека во прва прилика би се преселиле во странство.

Најголемото лицемерие е што оваа „грижа“ за демографијата доаѓа од истиот Мицкоски кој пред само една година сериозно размислуваше за воведување данок за немажени и неженети. Тоа е една од низата нивни генијални идеи за одговор на демографската криза – казни за оние што не го исполнуваат моделот на живот кој таа им го пропишува.

Ова е причината поради која ДПМНЕ толку упорно зборува за „вредности“, наместо за политиките кои ја празнат државата. Затоа што е многу полесно да го обвиниш народот дека нема доволно патриотизам, семејни вредности или желба за раѓање, отколку да признаеш дека под ДПМНЕ и СДСМ пропаднаа сите столбови на едно нормално општество.

Додека десницата на чело со ДПМНЕ ги обвинува граѓаните дека не раѓаат доволно, граѓаните секојдневно гласаат против нивните политики со нозете – заминуваат. Со ДПМНЕ, нема да остане кој да ги полни училиштата, а камо ли породилиштата“, се наведува во соопштението на Левица.

Најново

Свет1 минута

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Европската комисија предложи реформа на правилата за јавни набавки со која европските институции и јавни установи ќе се поттикнуваат да...

Забава30 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија41 минута

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника1 час

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија1 час

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија2 часа

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт2 часа

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...