Македонија
Јанкулоска пред СЈО: Не ми недостасува министерската фотелја, се чувствувам одлично
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, кратко се задржа во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што беше повикана за случајот „Тврдина“, за уништувањето на опремата за прислушување во МВР.
Како што изјави пред медиумите, таа не дала исказ пред Специјалното обвинителство бидејќи според неа, не биле испочитувани елементарните услови на странките во постапката, односно не и биле дадени на увид никакви докази за овој предмет.„Не барав ништо посебно, барав елементарно запознавање со доказите кои тие тврдат дека ги имаат за да можам воопшто да се изјаснам за нешто што во моментов го немам видено. Тогаш кога ќе добиеме право да ги видиме доказите што тие ни ги ставаат на товар, јас повторно стојам на располагање на сите државни институции и ќе се јавам на било која покана во било кое време. Впрочем самиот факт што поканата ми беше врачена доцна попладне, а јас веќе денес сум тука, ја покажува мојата одлучност да учествувам во оваа постапка бидејќи тоа е во мој интерес. Јас немам сторено кривично дело и инсистирам низ една правна постапка каде што двете страни ги имаат правата како еднакви учесници, тоа да се докаже“, изјави ЈанкулоскаТаа уште еднаш повтори дека не е виновна и дека не направила ни едно кривично дело додека била на министерската позиција и СЈО го нарече продолжена рака на опозицијата. Јанкулоска е осомничена и беше помилувана за 13 предмети што ги отворило Специјалното обвинителство, но смета дека апсоултно сите се политички мотивирани.„Јас немам увид на што се однесувале одлуките за помилување меѓутоа претпоставувам дека институциите во рамките на нивната меѓуинституционална размена дошле до некакви податоци врз основа на кои се донесени одлуките. Меѓутоа јас нема сторени ниту едно кривично дело. Функцијата која ја извршував девет години ја извршував максимално професионално и посветено во интерес на граѓаните на Република Македонија, во интерес на Република Македонија и јас немам од што да се плашам. Мој интерес е сите постапки да се отворат и да се затворат за да сите овие политики конструкции и обвинувања, па и местенки, се демаскираат и конечно јавноста да види дека зад сето ова стои една политчка игра на опозицијата во која се помалку луѓе веруваат“, додаде Јанкулоска.Интензирањето на работата на СЈО, според неа е поради наближувањето на изборите, за кои Специјалното јавно обвинителство ќе биде единствена и најважна алтка на опозицијата.„Со оглед на тоа што професионално се занимавам со политика подолго време ова што сега се случува можеби набрзина од страна на СЈО, е резултат на тоа што се наближуваат изборите. Како што јавноста беше сведок, тие се целосно ставени во функција на политичката кампања на опозицијата која и после толку години во опозиција нема што да им понуди на граѓаните на Македонија. Единствена и најаважна алтка во кампањата која претстои за предвремените парламентарни избори, останува да биде СЈО“, изјави Јанкулоска. Одговарајќи на новинарски прашања таа рече дека не и недостасува министерската фотелја и дека се чувствува одлично.Јанкулоска е третообвинета во случајот „Тврдина“, а во СЈО на распит беше повикан и Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. И покрај тоа што СЈО бараше мерки за претпазливост за осомничените во овој случај, одземен му беше пасошот само на првоосомничениот, началникот на Петтата управа, Горан Грујевски./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ со обновливи извори на енергија ќе обезбеди поголемо и поквалитетно снабдување со електрична енергија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Гевгелија одговарајќи на новинарски прашања истакна дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе вложува во обновливи извори на енергија како што е ветерниот парк Богданци, со цел поголемо и поквалитетно производство на електрична енергија.
Во овој регион недалеку се гледа ветерниот пак Богданци кој го реализираше владата на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме и понатаму исто во околината, втората фаза, но и други можности се испитуваат за одреден вид на јавно приватно партнерство помеѓу денешно ЕСМ и приватни инвеститори за изградба на вакви енергетски капацитети, со што ќе се зголеми производното портфолио од обновлива енергија во Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека на тој начин ќе се обезбеди поквалитетно снабдување со електрична енергија до нашите граѓани, а воедно порача дека ќе се укине таксата за пристап до мрежа која ја наметна оваа власт.
– Она кое е важно, онаа наметната такса за пристап до мрежата која ја наметна октроираниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, целосно партизираниот Бислимовски, ќе биде укината. Цениме дека нема потреба од таков тип на оптоварување на граѓаните, изјави Мицкоски.
Македонија
Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите
Собранието со 78 гласа „за“ го донесе предлог-законот за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите.
Законот има цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина како во затворите така и генералната и општата безбедност во државата, пред сè, преку воспоставување законска основа и формирање единици за затворско разузнавање и единици за интервенции, воспоставување систем за видеонадзор и користење боди-камери во установите, намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на правата од работниот однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ, извести Министерството за правда.
Покрај зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата, со овој предлог-закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем. Постојат повеќе причини за донесување на предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите, како, на пример, менување во голем дел на кривичното законодавство во земјата, со тоа и предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување на санкциите како важна алка во кривичното законодавство и кривичноправниот систем во целина, потоа менување на затвореничката структура во Македонија, а во голем дел појавата на сè поголем број радикализирани осудени лица, потребата од заострување на начинот на кој осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во неа, се додава во соопштението на Министерството за правда.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта, да состави документи, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави
Данела Арсовска запре градба на две основни училишта, запре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, Кисела вода и Аеродром.
Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени, истакна на прес-конференција Наум Столковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.
Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбргу таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска“, дециден е Стоилковски.
Во спротивно, како што рече, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.