Контакт

Македонија

Јапонски средства за подобрување на условите за бегалците, мигрантите и згрижувачките општини

Објавено пред

Високи претставници од Агенциите на Обединетите нации (ОН) во земјата во четвртокот беа во теренска посета во општина Куманово и пунктот за помош на бегалци Табановце, заедно со амбасадорот на Јапонија, Макото Такетоши, кој се наоѓа во тридневна посета на земјата.
 

dobivaj vesti na viber

Иако запре транзитот на бегалци и мигранти од големи размери низ земјата, поради затворањето на границите долж Западниот Балкан повеќе од 1.100 Авганистанци, Ирачани и Сиријци останаа во земјата. Амбасадорот се сретна и разговараше со некои од нив во транзитниот центар, а беше информиран и за позитивното влијание на помошта обезбедена од страна на Владата на Јапонија.

Од почетокот на бегалската криза, Владата на Јапонија има обезбедено повеќе од 3,6 милиони американски долари за агенциите на ООН во земјата за хуманитарните потреби на бегалците и мигрантите, како и за олеснување на товарот на згрижувачките општини што се најмногу погодени од кризата. Посетата на амбасадорот има за цел да ги оцени резултатите постигнати во 2015-та година и идните активности во 2016-та година.

„Јапонија добро ги разбира хуманитарните и развојните предизвици што ги носи тековната бегалска и мигрантска криза“, рече амбасадорот Такетоши. „Долгорочен приоритет за нас е да им помогнеме на луѓето кои имаат потреба од помош и да му помогнеме на овој регион да одговори на предизвиците. Затоа ни претставува задоволство што можеме да обезбедиме поддршка на системот на ООН во итните хуманитарни потреби и долгорочна поддршка за згрижувачките општини“, додаде тој.

Јапонија неодамна обезбеди 420 илјади американски долари за Агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР) како поддршка во одговорот на агенцијата во вонредната состојба со бегалската криза. Претставникот на УНХЦР, Мохамад Ариф се заблагодари на народот и на Владата на Јапонија за нивната поддршка. Овие средства, рече тој, се искористени за подготовка на центрите Табановце и Винојуг за зимски услови, за решавање на итни санитетски потреби на бегалците, набавка на дрвени клупи и поддршка за процесот на регистрација.

„Жените и децата претставуваат 61 процент од вкупниот број бегалци и мигранти што пристигнаа во земјата во 2016 година“, објасни тој. „Имајќи предвид дека луѓето се сместени во Табановце и Винојуг повеќе од еден месец, УНХЦР ги приспособи своите активности за заштита и помош согласно промените на терен. Многу од овие луѓе имаат специфични потреби. Покрај обезбедувањето на индивидуализирана поддршка, се јавува потреба од изнаоѓање на сеопфатно решение за нивната ситуација и елиминирање на сите ризици поврзани со заштитата, вклучително и оние по нивното здравје и безбедност“, изјави јапонскиот амбасадор.

Владата на Јапонија донираше 260,361 американски долари на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на почетокот на октомври 2015 година како поддршка за напорите на земјата во справување со итните потреби во рамките на кризата. Овие средства се искористени за зајакнување на капацитетите на граничната полиција во хуманитарниот аспект на граничното управување и набавка на две возила за Министерството за труд и социјална политика заради олеснување на транспортот на ранливите категории бегалци и мигранти, особено жените и децата. Овие средства исто така беа искористени за обезбедување краткорочно сместување за бегалци и мигранти преку опремување на прифатните центри со контејнери за преноќување, кревети и ќебиња, кои можат да понудат истовремено сместување за 114 лица.

„Ова е време на незапаметена криза и човечка мобилност. Од 19 јуни 2015 година до 22 март 2016 година регистрирани се вкупно 477.856 бегалци и мигранти во Гевгелија и Куманово. ИОМ, заедно со своите партнери, мораа да го зголемат обемот на своите активности во оваа сложена и долготрајна криза. Обезбедувањето на критична поддршка за голем број на население го стави системот за хуманитарен одговор под исклучителен стрес“, рече Соња Божиновска-Петрушевска, раководител на канцеларијата на ИОМ.

Владата на Јапонија исто така донираше 750 илјади американски долари на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) кон крајот на февруари 2016 година како поддршка на итниот одговор на агенцијата во бегалската и мигрантска криза, пред сè за жените и децата. Овие средства ќе му помогнат на УНИЦЕФ да ги зголеми и прилагоди активностите на полето на детската заштита, обезбедување на вода и санитетски услови, исхрана за бебиња и мали деца и обезбедување и на други потребни средства освен храна. Зајакнувањето на системот за социјална заштита на земјата за да одговори на итните потреби на децата бегалци и мигранти е важна компонента на овие активности.

„Децата страдаа најмногу во кризата што тие не ја создадоа“, рече претставникот на УНИЦЕФ Бертран Демулен. „Тие страдаат од последиците на војната и прогонот, поминале ризичен пат по екстремни температури, а сега со новите гранични политики се соочени со несигурна иднина. Тие претставуваат преку 40 отсто од луѓето во движење и мора многу повеќе да се направи за нивна поддршка и заштита“, смета тој.

Како поддршка за згрижувачките општини што беа директно погодени од транзитот на скоро еден милион бегалци и мигранти во последните 12 месеци, Владата на Јапонија исто така обезбеди 2,225 милиони американски долари за Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Овие средства ќе бидат искористени за приоритетните потреби поврзани со управување со отпадот и водоснабдувањето во општините Гевгелија и Куманово, каде транзитот на толку голем број луѓе наметнува огромен притисок врз јавните комунални услуги.

„Двете главни згрижувачки општини покажаа голема великодушност и флексибилност во приемот на голем прилив на луѓе и во обезбедувањето на јавни комунални услуги во двата прифатни центри“, изјави Луиза Винтон, постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП. „Благодарение на Владата на Јапонија, сега ќе бидеме во можност да решиме некои долгорочни развојни предизвици што бегалската криза ги изнесе на виделина. Овие инвестиции ќе ги подобрат условите за живот на повеќе од 200 илјади локални жители“, заклучи Винтон./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Објавено пред

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на платите во првите 100 дена од новата влада. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави дека пораките испратени од првомајскиот протест треба да бидат црвен аларм за сите оние што ќе го очекуваат гласот на работниците на 8 мај.

dobivaj vesti na viber

„Ние работниците излегуваме на протест и на Први мај ќе побараме враќање на трошоците за храна и превоз, право што го изгубивме во 2009 година поради бруто-системот за пресметка на платите во Македонија. Ќе бараме зголемување на платите, и тоа во првите 100 дена од новата влада, особено зголемување на минималната плата, на најмалку 450 евра, онолку колку што таа изнесува во регионот за да не се доведеме во ситуација нашите граѓани, работниците од Македонија, да градат туѓи економии и да работат за туѓи интереси“, рече претседателот Трендафилов.

Трошоците за храна и превоз што ССМ бара да се вратат во пресметките за плата изнесуваат 20 отсто од просечната плата. Според сегашните пресметки, ако од минималната плата се одбијат овие трошоци и давачките што сега се плаќаат, излегува дека работниците што имаат минимална плата, работат за 14.000 денари.

„Бараме 20 отсто од просечната плата за трошоци за превоз и за храна ако имаме предвид дека секојдневно поскапуваат не само реагенсите туку и трошоците за храна. Ако се има предвид синдикалната кошничка, над 20.000 денари изнесуваат трошоците за прехранување на едно четиричлено домаќинство. Зборуваме за леб и вода, не повеќе. Сметаме дека трошоците за храна и превоз треба да се вратат во платите на работниците ако имаме предвид дека 22.500 е минималната плата од март, доколку ги пресметате трошоците за храна и за превоз, во согласност со даночните ослободувања, ќе видите дека немате плата ниту 14.000 денари. Поради тоа, работниците го очекуваат од нас барањето за враќање на трошоците за храна и превоз“, рече Трендафилов.

Тој потсети на првомајскиот протест од 2018 година организиран со мотото „Гаси скара, касни плата“ за кое рече дека важи и денес оти доцнат платите во „Македонски шуми“, работниците во културата преку протести издејствуваа усогласување и исплата на платите, а повеќе од 20.000 работници, според податоците од Управата за јавни приходи, земаат плати пониски од минималната.

„Да не се лажеме, ако не излезете на протест, нема да добиеме ништо. Колку ќе дојдеме, колку ќе излеземе на протест, толку и ќе добиеме. Доколку очекувате во наредните пет години некој кога ќе ја води државата да ве слушне, сте се излажале. Денеска е моментот кога треба да излезете на улица и да кажете што барате од сите тие што очекувате да ја водат државата“, повика Трендафилов.

Заедно со протестот Трендафилов најави дека работниците ќе го бранат и Работничкиот дом од институциите што го презедоа. „Нека дојдат и нека си ја пробаат среќата“, порача тој.

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието, пред Стопанската комора и ќе заврши пред Владата, каде што работниците ќе ги упатат пораките, ќе кажат зошто не се задоволни и ќе им кажат на оние што го чекаат гласот од нив дека треба да се погрижат повеќе за работниците.

Прикажи повеќе...

Македонија

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Објавено пред

Управата за јавни приходи информира дека пропишаниот рок за поднесување на пријавите за данокот на додадена вредност, ДДВ-04, кој истекува на 25.4.2024 година, се продолжува за еден ден.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од УЈП, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ-04, ќе се смета 26.4.2024 година имајќи ја предвид владината одлука, со која 24.4.2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гласањето на затворениците и болните се одвива без проблеми, велат од ДИК

Објавено пред

Денес, 2.569 гласачи своето право на глас ќе може да го остварат во 31 гласачко место во ДКП, каде што се пријавиле да гласаат, а чии пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

На гласачките места во 14 казнено-поправни установи своето гласачко право денеска ќе може да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.

До овој момент гласањето тече без проблеми. Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе може да го остварат и двајца гласачи, кои се водат како внатрешно раселени.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Република Северна Македонија ќе го спроведат гласањето на лица што се болни или немоќни, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани, кои се пријавиле како болни или немоќни.

Денес, 534 гласачи, кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа, ќе имаат можност да го остварат своето право на глас во центарот во кој се сместени. Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни, странски и меѓународни организации и медиуми. Државната изборна комисија досега им издаде акредитации за набљудување на 342 домашни, 517 странски и меѓународни набљудувачи, 51 преведувач и 32 странски новинари. На сите граѓани на располагање им се и интернет-страницата на ДИК, www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“, X, „Инстаграм“, како и каналот на „Јутјуб“, каде што ќе може да најдат правовремени и точни информации поврзани со изборите.

Со право на глас на овие избори во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија2 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија4 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија5 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет5 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија6 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет6 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија6 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет6 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија20 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија21 час

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија22 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија23 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...