Македонија
Јолевски –Кодели: Да се реши спорот со името и да се спроведе Рамковниот
Да се развиваат воспоставените одлични билатерални односи меѓу Македонија и Албанија и да се продлабочи соработката меѓу двете министерствата за одбрана, на овие теми разговараа во четвртокот во Скопје министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски и министерката за одбрана на Албанија, Мими Кодели.
Македонија и Албанија остануваат на патот на борбата против тероризмот и секаков вид закана што ќе биде упатена кон граѓаните и државите, како и во одбрана на деморкатските вредности коишто ги претставуваме, порачаа двајцата министри.
Врвен приоритет на Македонија останува полноправното членство во НАТО, рече министерот Јолевски и изрази задоволство што Албанија, заедно со Хрватска, како земјичленки на Јадранската повелба, се силни поддржувачи на македонските аспирации за членство во Алијансата.
„Република Македонија ги исполни целосно условите за членство во НАТО, но од познати причини не ја добивме поканата. Ќе продолжиме со нашите активности и претставување на аргументите зошто Македонија треба да биде поканета во Алијансата. Сметаме дека проширувањето на Алијансата во ЈИЕ, вклучувајќи го и Балканот, претставува зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот“, изјави по средбата министерот Јолевски.
Министерката Кодели ја потврди поддршката од Албанија за најбрзо можно полноправно членство на Македонија во НАТО.
„Посакуваме спорот за името што го имате со Грција да биде решен што побргу, но исто така и да се запази спроведувањето на Рамковниот договор, како што беше споменато на Самитот на Алијансата во Велс“, рече Кодели.
Јолевски и Кодели најавија и одржување заедничка воена вежба на границата на Македонија и Албанија, како нов квалитет во соработката меѓу двете министерства за одбрана. Министрите за одбрана Јолевски и Кодели потпишаа Меморандум за разбирање за размена на експерти, со кој меѓу другото се овозможува обука на кадри од албанското МО во регионалниот Центарот за односи со јавноста на НАТО во Скопје./крај/мф/бб
Извор: MIA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.