Контакт

Македонија

Kамчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец

Објавено пред

Орце Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“. Ова го констатира судијата Андреј Димовски на денешното рочиште во Граѓанскиот суд, каде што Орце Камчев бараше еден милион да му исплатат Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и Кичеец, како и државата. Судијата Димовски констатира дека тужбата против Кичеец е повлечена за надоместок на над 92 милиона.

dobivaj vesti na viber

„Ценејќи дека во текот на постапката поднесе поднесок за повлекување на тужбата против Зоран Милески од Скопје, судот донесе решение: се констатира повлекување на тужбата на тужителот Јордан Камчев против третотужениот“, посочи судијата.

Адвокатот Медарски се согласи со повлекувањето на тужбата. Ова следува кога на првото рочиште Камчев преку адвокат рече дека нема да бара враќање на дел од милионот.

„Согласни сме со откажувањето на тужбеното барање кон третотужениот“, рече Медарски.

Лазар Јанев, адвокат на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева, рече дека Орце Камчев се обидува да повторува иста лага за да стане вистина.

„Во недостиг на правна основа на ова тужбено барање, тужителот се обидува во повеќе наврати да ни повтори една иста лага сѐ со цел таа да стане вистина и затоа бараме судот да има предвид дека полномошникот на тужителот и во тужбата и во одговорот на тужбата и во претходно доставените барања, со доставување на пресудата на Кривичниот суд, всушност сака само да го сврти вниманието во погрешна насока, а не во насока на одредбите во Законот за облигационите односи и Законот за спречување на корупцијата“, рече Јанев.

Адвокатот Александар Михајловски на рочиштето раскажуваше како според бизнисменот Орце Камчев биле земени парите од Бојан Јовановски и Катица Јанева.

„Тужената Катица Јанева во таканареченото СЈО на 13.10. 2018 година одржала прес-конференција 16 месеци по поминатиот законски рок за поведување истраги во согласност со посебниот закон, а на која објавува дека се почнати истраги по три предмети – ‘Империја’, ‘Базни станици’ и ‘Поштенска банка’. Прес-конференцијата е 16 месеци по изминување на рокот за поведување истраги. Сите предмети немале допирна точка со предметот на работа на СЈО од причина што предмет биле незаконски прислушувани материјали предадени од тогашниот лидер на опозицијата, а за кое било формирано СЈО. Но, во сите предмети осомничени биле познати македонски стопанственици. По објавата на оваа прес-конференција и највата за водење на тие истраги, на сцена стапил тужениот Бојан Јовановски, кој од пресудата што ја цитирав (‘Рекет’) бил во блиски релации со тужената Катица Јанева и со самата пресуда е утврдено влијание што го имал врз тужената Катица Јанева, и пристапил кон сите овие стопанственици со понуди за разни видови соработки. Пред сѐ, да платат реклами во тогашната телевизија ‘1ТВ’, како и да финансираат наводни проекти. Очигледна била спрегата помеѓу тужената Катица Јанева и тужениот Бојан Јовановски да се отворат предмети против стопанственици за да може да бидат изнудувани средства. Во пресудата ќе видите искази на сведоци на кој начин биле изнудувани средства. Така, од тужителот на повеќе средби биле изнудувани пари – прво да плати реклами во тогашната ‘1TВ’, да финансира изградба на шопинг-молови, да финансира изградба на старски домови. Кога тужителот ги одбил сите овие понуди, настапува второтужената Катица Јанева со јавно објавување на предметот и изрекување мерка притвор. По сите притисоци, се потврдува мерката за тоа кој ги држи конците, кој ја контролира ситуацијата и на кој начин да ја прифати изнудата“, рече Михајловски.

Македонија

Велковски: Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени

Објавено пред

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) на која работна средба се разговараше за проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството.

dobivaj vesti na viber

„Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите“, вели министерот Велковски.

Министерството за труд и социјална политика ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите, нешто за што се заложи и министерот Ѓоко Велковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левицата: Бугари во Уставот е предавство, на денешен ден почна бугарската фашистичка окупација на Македонија

Објавено пред

,,На 18 април 1941 година, со одборение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија“, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Овој историски факт, под рефлекторите на денешното политичко препрочитување на историјата на Македонија, Бугарија настојува овој настан од историјата наместо окупација еуфемизирано да се третира како администрирање со Македонија. Но, историските факти говорат друго! Затоа во очи на претстојните парламентарни избори, направете го вистинскиот избор и гласајте за Левица, единствената партија која се залага за раскинување на договорот со Бугарија“, посочуваат оттаму и додаваат:

„Гласајте за Левица, затоа што Бугари во Устав е предавство!”, изјавија од Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори

Објавено пред

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори мнозинството гласови ги имала опозицијата.

dobivaj vesti na viber

„Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на промената која вреди. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме. Емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа“, изјави Таравари.

Според него, економијата и иселувањето бараат одговори.

„Затоа, ние како коалиција ВЛЕН, во владата, мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Ја објавивме и дискутиравме за нашата претседателска програма, а на почетокот на следната недела ќе ја објавиме и програмата за парламентарните избори. Таа е единствената програма што вреди. Но, уште еднаш повторувам, за да дојде до промена, секој човек мора да биде посветен. Затоа што секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето, за да ја гарантираме победата на промените“, изјави Таравари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија2 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија3 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија3 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија3 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија6 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет7 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет7 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија17 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ24 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...