Македонија
Катица Јанева в понеделник ќе го презентира извештајот во Собрание
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во понеделник се очекува да го презентира вториот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство, за последните шест месеци.
Собранието ја закажа седницата на којашто ќе се разгледува извештајот на Јанева за понеделник. На седницата во понеделни е закажано да се разгледува и годишниот извештај за работата ја Јавните обвинителства за 2015 година, Обвинителството под раководство на Марко Зврлевски. Јанева најави дека е подготвена да го презентира извештајот пред пратениците, за разлика од првиот извештај кој само го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители.Советот на јавни обвинители засега нема закажано седница на којашто ќе го разгледува извештајот.Јанева го презентираше извештајот во четвртокот кога поднесе и две обвиненија. И во овој извештај, како и во претходниот, забележа на опструкициите од страна на институциите и на прес – конференцијата апелираше Собранието да ги донесе што побрзо измените на Законот за заштитени сведоци./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.