Контакт

Македонија

Казни од 500 до 10. 000 евра: Пазарниот инспекторат контролира дали се спроведува одлуката за намалени цени на училишниот прибор

Објавено пред

Државниот пазарен инспекторат на терен ги контролира правните субјекти, трговците дали се придржуваат до одредбите на одлуката на Владата со која ги задолжи да ги намалат цените на училишниот прибор најмалку за 10% во трговија на големо и најмалку за 15% во трговија на мало, а која ќе се применува од 25.08.2026 година до 30.09.2026 година, соопштија од таму.

Согласно одредбите на одлуката, највисоките цени на производите опфатени со одлуката се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 јуни 2026 година во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10%, како и во трговијата на мало (специјализирани продавници за продажба на училишен прибор, продавници за спортска опрема кои продаваат ранци и ташни и трговци на мало кои во својот асортиман на производи продаваат и училишен прибор), кои цени се намалуваат најмалку за 15% .

Трговците за вршење дејност трговија на мало, производите наведени во одлуката, кои се поставени на полиците треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд, како и со претходната продажна цена на која е утврдено намалувањето и новата намалена продажна цена.

По исклучок, за производите кои се набавени по 1 јуни 2026 година, највисоките цени за производите се утврдуваат на нивото на цените евидентирани во Материјалната евиденција во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10%, како и на нивото на цените евидентирани во Приемниот лист во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 15% .

„Тимовите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе ги контролираат правните субјекти на целата територија на државата и ќе постапуваат согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, каде глобите се движат од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот, а за целосно непочитување на одлуката предвидена е мерка – привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена“.

Надлежните со апел до трговците да се придржуваат до одредбите на одлуката на Владата.

Граѓаните можат да пријават неправилности или непочитување на одлуката на 191 или www.dpi.gov.mk

Најново

Економија6 минути

(Видео) Филипче: Македонија е на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ (БДП) по жител, а проценката на Меѓународниот...

Македонија51 минута

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминале во ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ...

Црна хроника51 минута

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет1 час

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија1 час

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет1 час

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника2 часа

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...