Контакт

Македонија

Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција, велат од Левица

Објавено пред

За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство, реагираат од Левица.

Ревизијата, додаваат од оваа партија, покажува дека Фондот не располага со повеќе од 136 милиони евра придонеси што ПИОМ не ги префрлил, со што сериозно се нарушува неговата ликвидност.

„Истовремено, Фондот се соочува со судски спор во кој германска болница бара над 430.000 евра за лекување на македонски пациенти, затоа што не биле исполнети преземените финансиски обврски. Дополнително, ревизорите констатираат дека значителен дел од нивните препораки остануваат нереализирани трета година по ред, што претставува јасен показател дека забелешките тенденциозно се игнорираат.

Овие наоди објаснуваат зошто здравствениот систем со години функционира во постојана финансиска неизвесност. Не е случајно што граѓаните сведочат за доцнење на надоместоците за породилно отсуство, што здравствените установи постојано алармираат за ненавремени исплати, ниту што Фондот завршува во судски спорови со странски болници. Кога институцијата што треба да го финансира здравството работи со милионски финансиски слабости и со години ги игнорира ревизорските препораки, последиците неизбежно ги чувствуваат пациентите и осигурениците“.

Според Левица, особено загрижува фактот што најголемиот дел од овие наоди се однесуваат на периодот кога со Фондот раководеше Сашо Клековски.

Во секоја држава во која постои политичка одговорност, како што велат, ваков ревизорски извештај би бил основ за темелна анализа на неговото работење и утврдување одговорност.

„Кај нас се случи спротивното – ДПМНЕ го постави Клековски на чело на Министерството за здравство. Наместо да сноси последици за работењето на институцијата, тој беше унапреден да раководи со целиот здравствен систем.

Ништо не укажува дека Владата има намера да го смени овој пристап. Напротив, за директор на Фондот беше поставен Златко Перински, функционер чие име и претходно беше поврзувано со сериозни контроверзии околу управувањето со јавни средства. Во услови кога Фондот се соочува со долгогодишни финансиски слабости, повторени ревизорски забелешки и нарушена доверба во неговото работење, на институцијата ѝ е потребно стручно и кредибилно раководство кое ќе понуди решенија, а не нова некадарна политичка ротација“.

Левица бара актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, јавно да презентира конкретен план со рокови за спроведување на сите ревизорски препораки, за надминување на долгогодишниот проблем со неплатените придонеси, за решавање на судските спорови кои го оптоваруваат Фондот и за воспоставување систем што, како што додаваат, ќе спречи истите пропусти повторно да се констатираат во следниот ревизорски извештај.

Најново

Спорт18 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет22 минути

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија30 минути

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт30 минути

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија34 минути

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет1 час

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет2 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...

Култура2 часа

Киро Донев номиниран за најголемата книжевна награда во светот за литература за деца „Астрид Линдгрен“

Киро Донев е првиот македонски писател номиниран за некоја од двете најголеми книжевни награди во светот за литература за деца...