Македонија
Koha: Уште еден скопјанец загина во Сирија
Дваесет итригодишниот Бурхан Беслими од скопската населба Гази Баба, загинал како борец на една од радикалните исламистички сили на боиштето во Сирија, објави во четвртокот весникот на албански јазик Koha
Според непотврдените информации, Беслими во Сирија се борел во редовите на џихадистичкото движење Исламска држава под името Абу Бакр ал-Сидик. Засега нема податоци кога и како тој заминал на боиштето. Исто така, не се познати околностите и областа на неговата смрт.
Во јануари годинава порталот на алабански јазик Portalb јави дека 22-годишниот Алим Османи од Скопје е четвртиот Албанец од Македонија кој загина во Сирија борејќи се на страната на Слободната сириска армија (FSA) против војската на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Веста тогаш ја потврдија неговите најблиски кои изјавиле дека Османи заминал во Сирија во средината на минатата 2013 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против власта на Асад.
Во мај 2013 година беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на Џабха ан-Нусра односно Фронтот ал-Нусра.
Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи. Тој загинал во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милициите на Курдите во Сирија кон средината на јули кај Рас ал-Аин каде им беше нанесен тежок пораз на борците на движењата Фронтот ал-Нусра во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонски концепт: Ја поздравуваме одлуката на кандидатот Пендаровски да го истрча и вториот круг
Колку беше важна победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова во првиот круг, толку е важна одлуката на кандидатот Стево Пендаровски да го истрча и вториот круг и да не ги бојкотира претседателските избори, велат од Македонски концепт.
„Бојкот никогаш не бил решение, ниту на Референдуми, ниту на Попис на население, ниту пак на Избори. Мора да се почитува волјата на народот и да биде мирно предадена власта на победничката Коалиција „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, а чиј дел е и нашата партија Македонски Концепт.
Партијата Македонски Концепт честита на огромното водство на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, што е резултат на нашите политики за обединување на опозицијата, нешто што го депласираше и детронизирање ДУИ и нивните сдса измеќари, а со цел уште поголема победа во вториот круг на 8ми Мај, повикуваме на уште поголемо обединување и окрупнување на Коалицијата „Твоја Македонија“ со останати добронамерни политички партии и членови и симпатизери на останати партии, чии водства се платеници на ДУИ, но нивните поддржувачи се искрени Македонци и искрено се радуваат на оваа голема македонска победа.
Македонски Концепт го реафирмира својот став за граѓански концепт на Уставот на државата и ги повикува сите македонски граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност, да се вклучите во нашите активности и на 8ми Мај да дадете поддршка на Коалицијата „Твоја Македонија“ и број 2 на гласачкото ливче и за претседателски и за парламентарни избори“, велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8. мај
Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација на Македонија, порача ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од претседателските избори.
„Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.
Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.
На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.
По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.
Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.
Македонија повторно твоја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите
Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски.
Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.
Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арвен Таравари од ВРЕДИ со 83.356 гласови (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левица со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласови.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните.