Македонија
Колегите на застреланиот хирург шокирани, бараат расветлување на случајот и казна за сторителот
Лекарскиот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје изразува шокираност и огромна разочараност од грозоморниот чин кога нивен колега беше нападнат со огнено оружје.
„Среќна околност во целата несреќа е што не е смртно повреден, а биле испукани повеќе куршуми од кои три завршиле во телото на колегата“, се вели во соопштението од ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.
Понатаму појаснуваат дека дежурниот хирург примил пациентка на 57 годишна возраст, како итен случај со комлициран карцином на жолчното ќесе со создавање на гноен процес во жолчното ќесе. По соодветната припрема истата е оперирана. Пациентката била претходно доиследена од страна на гастроентерохепатолог и кардиолог. Констатирано е дека се работи за пациентка со мноштво жлезди во абдоминалната шуплина, градната шуплина и вратот, а воедно и со тешка срцева слабост и течност во белите дробови и перикардот. Кај пациентката било констатирано и оштетување на бубрезите од втор степен. Со оглед дека се работи за гнојно воспалено жолчно ќесе во ваквите случаи постои опасност од негово прскање. Во таа насока дежурниот хирург, односно настраданиот колега, професионално и стручно согласно медицината базирана на докази и медицинските протоколи ги има превземено сите потребни мерки и укажал навремена и соодветна здравствена заштита на пациентката.
„ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје како дел од терциерното највисоко здравство од здравствениот систем на нашата Држава секојдневно се соочува и лекува исклучително комплицирани случаи како овој со бројни пропратни заболувања кои и покрај сите напори и укажана здравствена заштита понекогаш завршуваат со смртен исход, а тоа никако не значи дека треба да се соочуваме со вакви брутални случувања“, велат од ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.
Тие бараат од надлежните институции под итно да ги расветлат околностите при кои е тешко повреден нивниот колега на своето работно место со цел сторителите да ја добијат заслужената казна, а исто така да се создадат итни услови за безбедна работа на хирурзите за да можеме непречено да продолжиме со работа. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива по претежно суви коловози
Поради случена сообраќајна незгода, од 23:32 до 02:30 часот, патниот сообраќај на патен правец Р1101 и А3 крак Битола-Прилеп беше во прекин во двата правци. Од 02:30 часот, сообраќајот е пуштен за сите видови возила и истиот нормално се одвива, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

