Контакт

Македонија

„Колку квадрати бетон вреди едно Водно“, прашуваат од ЗНАМ

Објавено пред

„Вчера во Советот на Општина Центар не се одлучуваше само за уште една урбанистичка точка. Се одлучуваше дали ќе се заштити Водно или повторно ќе се отвори патот за нов бетон. Движењето ЗНАМ за Наша Македонијагласаше против.
Нашиот став беше јасен. Не може да се носат одлуки за Водно без мислење од надлежните институции за ризикот од ерозија и свлечишта. Не може да се игнорира фактот дека предложениот план отстапува од Генералниот урбанистички план“, велат од Движењето ЗНАМ.



„На седницата предупредивме: Ги доведуваме воопасност нашите деца.
За жал, наместо аргументите и јавниот интерес, повторно преовладаа интересите што отвораат простор за нова бетонизација.



Бројките сами зборуваат.
Процентот на изграденост се зголемува од 5,8% на 30,17%, односно 5,2 пати.

Бруто-изградената површина расте од 6.500 м² на 29.459 м², односно 4,5 пати, а коефициентот на искористеност се зголемува од 0,17 на 0,91, односно 5,35 пати.



Дополнително, постојат решенија со кои поединечни градежни парцели се третираат на начин што отвора сериозен сомнеж дали водечки критериум бил јавниот интерес или нечии лични интереси.



Ова не е развој каков што заслужуваат Центар и Скопје. Ова е уште еден чекор кон уништување на белите дробови на градот.



Нема да прифатиме Водно да стане симбол на бетон, наместо симбол на природата.

Личните интереси никогаш не смеат да бидат поважни од здравјето на граѓаните, безбедноста и правото на идните генерации да живеат во здрав и чист град.



Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи гласно да се спротивставува на секоја одлука што го става приватниот интерес пред јавниот интерес и профитот пред природата.



Водно не е простор за тргување. Водно е природно богатство што мора да остане за сите граѓани“, соопштуваат од Движењето ЗНАМ.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет6 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...