Контакт

Македонија

„Контролирано судство под Мицкоски ги ослободува виновниците за Кочани“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Газда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода. Родителите порачаа дека правдата не смее да истече. А што прави власта на Мицкоски? Две и пол години ја контролираат полицијата. Две и пол години ги контролираат обвинителствата. Две и пол години ги контролираат судовите. И каков е резултатот“, прашува СДСМ.

„Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода. Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда.

Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага.

Човек кој кога ќе прозбори – лаже. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи.

Го ослободуваат Латас. Го ослободуваат Груевски. Си го враќаат имотот стекнат преку криминал. Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени. Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога. Ги ослободуваат градоначалниците…

Така изгледа правдата со Мицкоски. СДСМ стои со семејствата на жртвите. Бараме целосна и неселективна одговорност. Бараме правда што нема да истече. Под оваа власт, правдата е заробена. Под оваа власт, виновниците шетаат слободно. Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Најново

Македонија1 минута

До крајот на неделава пристигнува првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери; Ѓорѓиевски се пофали: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и...

Македонија11 минути

Муцунски за Коридорот 8 во Софија: Поврзаноста е стратешки инструмент за безбедност, отпорност и економски развој

Денеска во Софија, на покана на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, министерот за надворешни работи и...

Македонија25 минути

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија36 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа36 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет43 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава50 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија60 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија1 час

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...