Македонија
Координативен донаторски состанок во СЕП
Координативен донаторски состанок, во врска со катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд во скопско, се одржа во среда во просториите на Секретаријатот за европски прашања.
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми, го водеше состанокот, а свои обраќања имаа и Никола Тодоров, Заменик претседател на Владата и министер за здравство, Кирил Миноски, Министер за финансии, Илија Исајловски Заменик министер за надворешни работи, како и Луиза Винтон, Постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП како и Мартин Клауке, раководител на сектор за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје.Вицепремиерот Адеми посочи дека целта на состанокот е да се искористи максимално потенцијалот за финансирање од страна на донаторите со координиран пристап за насочување на помошта и ги истакна првичните дефинирани приоритети за насочување на помошта за реконструкција и поправка на оштетените куќи и други значајни објекти, поправка на инфраструктурата и мерки за понатамошна заштита помош за МСП, и за оштетените фарми и санација на земјоделското земјиште, како и директна помош за институциите за заштита.Беше нагласено дека во оваа фаза проценките на штетите се многу индикативни, но се работи на нивно допрецизирање. Адеми информираше и дека е активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, преку кој се направени сателитски снимки на теренот, а веќе на терен се и нивни експерти за проценка на првичните потребни за населението. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.