Македонија
Коридорот 8 и 10 и економската состојба на земјава дел од темите на средбата на Иванов со делегација на ЕБОР
Големите инфраструктурни проекти, како Коридорот 8 и 10, економските состојби во земјава и спорот за името со Грција биле теми за коишто разговарале претседателот, Ѓорге Иванов и делегација од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.
„Соговорниците заклучија дека соработката помеѓу Република Македонија и Европската банка за обнова и развој има основи да се продлабочи и интензивира во наредниот период, во насока на зајакнување на економскиот развој на државата“ соопштуваат од Кабинетот.На пројавениот интерес на членовите на бордот на директори од ЕБОР, претседателот Иванов ги информирал за актуелните економски состојби во Македонија, за регионалната соработка, како и за стратешките цели на земјата, односно за актуелностите на планот на евроатлантските интеграции на Македонија. „Во тој контекст, претседателот Иванов ги запозна соговорниците со процесот за надминување на разликата околу името со нашиот јужен сосед, што претставува единствената пречка за продолжување на интегративните процеси, нагласувајќи дека блокадите не нé обесхрабруваат сами да ги продолжиме реформите, да ги достигнуваме европските вредности и критериуми, и да постигнуваме економски резултати“ се вели во соопштението./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.