Контакт

Македонија

Кривична пријава и интерпелација за Гаши, најави Филипче – СДСМ се повлекува од Комисијата

Објавено пред

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче, кој најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседава Сања Лукаревска од СДСМ.

„Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа. Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет — комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска — и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија“, рече Филипче.

Нагласи и дека ваквото однесување станува пракса и претставува директно прекршување на собраниските процедури и правила.

„Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието“, изјави Филипче.

Најново

Црна хроника4 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...

Спорт11 минути

ФИФА пред финалето дополнително го „американизираше“ Светското првенство

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите...

Македонија39 минути

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни...

Спорт42 минути

Гвардиола за СП, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал

Пеп Гвардиола, кој е без клуб, откако по 10 години си замина од Манчестер Сити, зборуваше за финалето на Светското...

Забава44 минути

(Фото) Навивачите брутално ја нападнаа девојката на Мбапе: Ѕвездата на Нетфликс е виновникот

Француската репрезентација беше еден од фаворитите на ова Светско првенство, но сепак, беа сопрени во полуфиналето, губејќи од Шпанија. Многу...

Спорт54 минути

Јувентус го потпиша Зеки Челик

Јувентус официјално го потврди првото засилување за претстојната сезона. Турскиот репрезентативец Зеки Челик е новиот десен бек на клубот од...

Забава1 час

(Видео) Мет Дејмон ги покажа својата сопруга и ќерка: сите велат исто – не се знае која е поубава

Актерот Мет Дејмон неодамна присуствуваше на уште една премиера на филмот „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан. Овој пат настанот...

Спорт1 час

Гризман: Сонував да дојдам во МЛС уште од мои 18 години

Антоан Гризман потпиша за Орландо Сити и со тоа ја исполни својата долгогодишна желба да игра во американската МЛС лига....

Македонија1 час

„Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот“, велат од СДСМ

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините...